ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Биљана Ангелова е новиот ректор на УКИМ

May 30, 2023 19:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Професорката Биљана Ангелова од Економскиот институт е избрана за нов ректор на најголемиот и најстар универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“.

Ангелова за Факултети.мк изјави дека македонското високо образование се соочува со низа системски слабости, некои од нив произлегуваат од Законот за високо образование, финансирањето на државните универзитети, нарушената автономија, нискиот буџет за наука, недоволно субвенциониран студентски стандард, ниски плати на универзитетските професори и можеби еден од најгорливите проблеми е системското регулирање на квалитетот на високото образование. Сите тие рефлектираат проблеми во функционирањето на универзитетите и високообразовните установи.

Буџетот за високо образование што го обезбедува Министерството за образование и наука ги задоволува само елементарните потреби на универзитетите, како покривање на режиските трошоци и основните плати, кои се најниски во Европа. Финансиската автономија е постојано нарушена и отстапувањата на одобрените буџети и реалните потреби на Универзитетот се јаз кој постојано го обременува тековното работење. Недостигаат вработувања на наставен и ненаставен кадар кои, исто така, влијаат врз ефикасноста во работењето. На македонскиот високообразовен простор во моментов функционираат над 30 високообразовни установи. Тоа е преголема бројка за постојниот број на матуранти, кој во последниве 5 години се движи на ниво од околу 15.000 и има тенденција на опаѓање. Стандардот во Европа е еден универзитет на 2 милиона жители. Во практиката се соочуваме со нелојална конкуренција која Агенцијата одговорна за квалитетот на високото образование треба сериозно да ја разгледа и да креира мерки за надминување на таквите состојби. Во делот на науката потребни се сериозни заложби за поголеми издвојувања за наука. Без наука нема квалитетно високо образование. Науката и наставата се нераскинливо поврзани делови на една целина во високото образование. Последиците од таквиот однос на институциите се одразуваат и врз работата и продуктивноста на универзитетите. Просекот во Европа е 2,5 % за наука од буџетите на земјите членки, со тенденција до 2030 да се зголеми за дополнителни 2,5%. Само оние држави што вложуваат во наука и образование ќе го имаат приматот на глобалниот пазар. УКИМ ќе продолжи да презема мерки во насока на справување и надминување на овие системски слабости. Со децении чекаме да се смени таквиот однос на државата кон високото образование и науката, истакна Ангелова.

Таа е втората жена-ректор на УКИМ. Единствена ректорка на УКИМ досега била проф. д-р Радмила Кипријанова, и тоа во два мандата, во периодот од 1994 до 1998 година.

Tags: Биљана АнгеловаРекторУКИМ
Next Post
Бојан Маричиќ

Маричиќ: ЕУ интеграцијата е пат кој одговорно и свесно го избраа македонските граѓани

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk