„Во деведесеттите години Слованија имаше парола ‘Европа сега’. Очигледно дојде време и кај нас да се договориме дека сега е времето да застанеме цврсто и власта и опозицијата на европскиот пат“ изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ често зборува дека се за евроинтеграциите, но тоа е само фиктивно, бидејќи прават се за земјава да не ги продолжи евроинтеграциите.
„Се надевам дека ќе го препознаат моментот кога имаме отворена поддршка, покана, соработка од страна на ЕУ, за каде ние како држава стратешки се имаме определено дека треба да одиме“ рече Коциќ.
Пратеникот од СДСМ додаде дека ЕУ не е местото каде што било кој го губи идентитетот, туку напротив со влегувањето во ЕУ ќе се збогати македонската култура и македонската култура, македонскиот јазик и историја ќе се презентираат пред сите европски земји.