ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опозицијата во Косово побара оставка од Курти и итно свикување на Советот за безбедност

May 31, 2023 16:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Во условни на вжештена ситуација во северниот дел на Косово, каде косовските Срби протестираат пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавич, настана тензија меѓу косовскиот премиер Албин Курти и опозицијата во земјата, пишуваат локалните медиуми.

Лидерот на опозицијата Рамуш Харадинај од „Алијансата за иднината на Косово“ побара оставка од Курти, објави КосоваПрес, повикувајќи се на објава на Харадинај на Фејсбук.

Според Харадинај, за помалку од три години на власт, косовскиот премиер Курти и претседателката на земјата Вјоса Османи, ги поништиле успесите на Косово и ја вратиле земјата десет години назад. Харадинај додаде дека исклучувањето на Косово од „Defender Europe 20233“ е „аларм за националната безбедност“ на Косово и истакна дека „треба да си многу кратковид за да станеш непријател на целиот демократски свет во толку деликатно време.

Опозициската Демократска партија на Косово (ДПК) изрази загриженост поради неодамнешните настани во северно Косово, кои ја ставија земјата во опасна конфронтација со нејзините сојузници и особено со САД. ДПК побара од владата на Република Косово да го преиспита и промени својот пристап.

Со оглед на тежината и сложеноста на ситуацијата, како и тензијата што настана во северните општини од земјата, раководството на ДПК апелира до претседателот и премиерот на Косово итно да се свика Советот за безбедност.

– Раководството на Демократската партија на Косово изразува длабоко разочарување од некоординираните акции на Владата на Косово со стратешките сојузници на нашата земја, кои веќе почнаа да водат кон директни казни, со оглед на тоа дека Косово беше исклучено од најголемата меѓународна вежба на НАТО на Балканот „Defender Europe 2023“. Ова исклучување е конкретен знак за влошување на односите на Косово со САД и НАТО и е предупредување за други последици доколку владата на Република Косово не почне да се однесува одговорно, рече лидерот на ДПК Мемли Красничи во објавата на социјалните мрежи.

Красничи изрази загриженост за општата насока што Косово ја презема под водство на Албин Курти. Тој изрази поддршка за новоизбраните градоначалници на Зубин Поток и Звечан, кои се од редовите на ДПК.

ДПК најостро го осуди насилството на „криминалните групи“ врз војската на КФОР, косовската полиција и претставниците на медиумите при извршувањето на нивните службени должности. Опозициската партија ги повика косовските граѓани „да останат смирени и да не стануваат дел од какви било манипулации или насилни дејствија кои влијаат на редот, законот и демократијата во земјата или му се закануваат на Косово со долгорочни последици“.

Косовскиот премиер одговори на обвинувањата на опозицијата велејќи дека владата ќе стори се што е во нејзина моќ, но дека тој самиот нема да ја предаде „Демократска Република (Косово) на фашистичката милиција“. Курти ова го изјави денеска во интервју за Си-Ен-Ен, додавајќи дека со меѓународните партнери на Косово разговарал за ситуацијата на северот на земјата.

– Сите меѓународни фактори ги признаа изборите што се одржаа на 23 април. Кога се признати процесот и резултатите, градоначалниците треба да одат во општините. Кој друг да биде таму ако не градоначалниците. Тесно соработуваме со меѓународните актери, особено со САД и ЕУ, кои ги сметаме за многу вредни сојузници и партнери. Ќе дадеме сè од себе. Но, нема да ја предадам Демократската Република (Косово) на фашистичката милиција, изјави Курти за Си-ен-ен интернешнл.

Tags: КосовоКуртиопозиција
Next Post

Новата Студена војна на САД и Кина станува постудена

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk