ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Дефект на далноводот или напад од вонземјани?

June 1, 2023 12:54
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ова е кратка приказна за тоа како дефектот на еден далновод може да открие колкав е дефектот на системот. Прочитајте ја додека имате батерија во телефонот и чекате „екипите на терен“ да го отстранат ДЕФЕКТОТ.

Се буди човек во центарот на главниот град и тргнува да прави кафе. Нема струја. Тргнува да провери онлајн што се случува. Открива дека мобилната дата конекција е бавна и со прекини. Да не сме нападнати од вонземјаните? Оти Русите сигурно нема да нѐ нападнат, тоа само злите јазици од ЦИВИЛ брборат, си вели човек додека чека да му се стабилизира интернет врската. Ах, ете го ЕВН, мора да има информација тука! На сајтот пишува:

„Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) во листата во прилог.“

Ајде, ќе го симнеме прилогот. Во прилогот нема целосна информација. Нема врска со реалноста. Многу поголем дел од Скопје нема струја. Што се случува!?

Почнаа да се појавуваат првите прилози во медиумите. Сите се повикуваат на информации од ЕВН. Дури и Центарот за управување со кризи! Значи, нецелосни информации добиваме и од ЦУК. Чекајте малку, што ќе ни е ЦУК, ако само ги пренесува информациите од ЕВН? За да имаме уште еден извор на нецелосни информации? Ах, океј.

Се појавува информација дека се работи за голем дефект на далновод и дека „екипите работат“.

Што го предизвикало дефектот? Колку време ќе трае поправката? Колкава е штетата? Колку пари ќе изгубат домаќинствата само затоа што фрижидерите не им работат? Колку други штети ќе претрпат од неколкучасовниот прекин?

Колку возрасни и лица со попреченост ќе останат заробени, без лифт, во зградите? На колку од нив им треба лекарска и друга помош?

Функционираат ли банките, институциите, школите, здравствените установи…?

Дали се работи за саботажа? Дали сме безбедни? Што е следно?

Можеби е само класична балканска приказна, па се работи за негрижа и запоставување на системот?

Многу прашања има обичниот смртник во вакви часови.

Има ли одговорни? Кои се тие луѓе? Колку што знаеме за дефектите, толку знаеме и за нив. Повеќето знаат дека тоа се ликови што седат на удобни фотелји, во големи и убави канцеларии, со голем помошен персонал и со обезбедување, се возат на задното седиште од убавите службени автомобили со затемнети стакла, ѓоа амбасадори или министри. Имаат огромни плати. Ете, тие располагаат со капацитети што некогаш беа наши, а сега се приватизирани.

Но тоа не значи дека не се одговорни пред јавноста. И не значи дека треба да бидат недостапни за јавноста и да се кријат зад штури и нецелосни информации.

Кога информацијата е нецелосна, тоа е како покана за шпекулации и теории на заговорот. Често е исто што и дезинформација. А тоа предизвикува несигурност и страв. Впрочем, ако се работи за саботажа, напаѓачите токму на тоа и сметаат – да предизвикаат несигурност и страв.

Но и без тоа, нека биде, ете, само еден „обичен“ дефект од кој денеска ќе имате најмалку 10 евра штета, а „само“ некои стари и болни ќе имаат мака со здравјето и подвижноста или дефектот ќе им помогне да си заминат од овој свет.

Сепак…

На толку вработени и на толкави буџети, не можат ли приватниот ЕВН и државниот ЦУК да направат барем систем за навремено, точно и целосно информирање? Лесно е. Технологијата е евтина, едноставна и достапна.

Извор: Цивил Медиа


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: вонземнјаниЕВНесистемјавно информирањснабдување со електрична енергијаЦУК

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk