ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ ветува инклузивни избори на северот на Косово; во Звечан отстранет уште еден дел од бодликавата жица; според Ескобар нема да има нова српска република

June 6, 2023 12:02
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН

Состојбите на северот на Косово остануваат во тесен  фокус на медиумите, кои известуваат дека ОБСЕ ќе и помогне на Централната изборна комисија за „инклузивни избори”. Во Звечан и денеска се собрани протестанти, но според медиумите, состојбата е мирна, а отстранет е уште еден дел од бодликавата жица.

Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Зери – Давенпорт по средбата со Лајчак: Инклузивни избори на север, ОБСЕ ќе и помогне на ЦИК

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Мајкл Давенпорт, се сретна со емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, на разговори за ситуацијата на северот и тамошните избори.

Девенпорт рече дека ОБСЕ ќе и помогне на Централната изборна комисија за „инклузивни избори”.

With @MiroslavLajcak today emphasised importance of progress in EU-facilitated Dialogue & full participation of all communities in institutions & elections – @OSCEKosovo
stands firmly alongside @NATO_KFOR & @EULEXKosovo in fulfilling our respective mandates in #Kosovo 1/2

— Michael Davenport (@DavenportOSCE) June 6, 2023

 

„Мирослав Лајчак денеска ја истакна важноста од напредокот во дијалогот што го олеснува ЕУ и целосното учество на сите заедници во институциите и изборите. ОБСЕ на Косово силно стои покрај КФОР и ЕУЛЕКС во исполнувањето на нашите соодветни мандати на Косово.“, напиша на Твитер меѓу другото Давенпорт, пренесе Зери.

Сури нет: Мирно во Звечан, отстранет уште еден  дел од бодликавата жица

„Мирна е состојбата во вторник наутро во Звечан, каде повторно се собрала помала група локални граѓани кои се против влегувањето на новите градоначалници во општинските згради.

Денеска  беше отстранет дел од бодликавата жица околу општинската зграда, додека сега таму стојат само тројца војници. “, пренесе Сури нет.

АБЦ – Ескобар: Заедницата  нема да биде нова српска република како во Босна и Херцеговина

„Заедницата на општините со српско мнозинство на северот на Косово нема да биде нова српска република како во Босна и Херцеговина“.

Изјави специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Die Presse.

Есобар рече дека Заедницата е заложба што Косово мора да ја исполни.“, пренесе АБЦ.

РТВ 21: Османи на средба со Ескобар и Лајчак

„Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ги прими специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, како и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На медиумите им беше дозволено да фотографираат  само на почетокот на средбата, а не се очекуваат изјави по средбата.  По средбата со Османи, двајцата емисари ќе се сретнат со тројцата лидери на опозициските партии.“, пренесе РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Албеу: 100 меѓународни професори и истражувачи против затворањето на Албанолошката академија

„По одобрувањето на одлуката за спојување на Академијата за албанолошки студии, група од 100 истражувачи, студенти/професори и уметници од најпрестижните институции и организации во и надвор од Албанија, кои со голема загриженост го следеа настанот, ја презедоа иницијативата на Отворено писмо за јавно изразување противење и несогласување со произволната и штетна одлука за ААС.“, пренесе Албеу.

КОЛУМНА

Сури нет. : Povera Meloni, poveri noi

„Неочекуваната, речиси инвазивна, прегратка и бакнеж што албанската премиерка и ја даде на својата италијанска колешка Мелони пред камерите на самитот во Молдавија, покрај дебатата за етиката, покренува и фундаментално прашање за причината за ваквата дејствуваат.

Еди Рама е политичар изграден на егзистенцијалната потреба да се биде во центарот на вниманието секогаш и за се. Не може да го поднесе фактот дека минува незабележано. Неговите неограничени ТВ настапи, користењето на ЕРТВ, протагонизмот да биде главен актер во секој настан, од фудбалски натпревари до самити на НАТО, провокации и шеги за привлекување медиумски рефлектори, долги говори, неконвенционална облека итн. се токму израз на верификацијата неговото постоење како протагонист преку формата.“, пишува авторот Арманд Шкулаку во колумната „Povera Meloni, poveri noi“, објавена во Сури нет.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Гол: Меси бара од Ал Хилал да го одложи трансферот до 2024 година

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk