ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложба на Марта Поп Антоска Башевска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје

June 6, 2023 13:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ има особена чест и задоволство да ве покани на отварањето на самостојната изложба на ликовната уметница Марта Поп Антоска Башевска. Изложбата ќе се отвори на 08.06.2023 год. (четврток) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306, со почеток во 20 часот.

Ова е прва изложба на Glass Art во Македонија на која што ќе бидат презентирани над 30 скулптури изработени од мурано стакло како и предмети од применета уметност и моден дизајн.

Како што ќе напише во текстот за каталогот историчарката на уметност Маја Чанкуловска:

“Скулптурите и сликите-објекти на Марта Поп Антоска Башевска не само што го оплеменува човековиот животен простор, туку истиот и го дефинира преку својата појавност, што е еден од основните принципи на уметноста. Притоа, нејзините стаклени скулптури, изработени по принципот на топење на стаклото, се перцепираат како синтеза на скулптури и слики.

Чувствувајќи ги сите деликатни карактеристики на материјалот и почитувајќи ги сложените принципи на фузија на стаклото, односно процесот на негово топење, творбите на Марта Поп Антоска Башевска (една од ретките уметници кај нас која сосема е посветена на изработка на дела во стакло) ги поместуваат границите на овој цврст и кршлив материјал. При оваа фузија се постигнува ефект на органска материјалност, самите форми сугерираат брановидност и флуидност и креираат сопствена патека која се шири во хоризонтала и во вертикала. Секоја форма за себе нуди одвоена и комплексна уметничка приказна исполнета со мноштво на бои, пигменти и мунуциозно презентирани детали во некогаш сложена, а некогаш поедноставена композициска целина. Ликовноста во овие приказни е реализирана преку ненаметливите референции на сознанијата од кубизмот со имплицирана нагласена линеарност и плошност и секако рафинираноста на Виенската сецесија, односно Климтовата симболична колоритност, разиграност на површината и нејзините елементи, особено златните листови.

Асоцијативноста во сложните стаклени скулптури на Марта Поп Антоска Башевска се движи во повеќе насоки, па така преку меурите, листовите, покрупните и поситните фрагменти на моменти налик на ѕвездена прашина, откриваме (под)водни, космички и/или растителни светови (и бескрајни надреални комбинации на сите овие светови!). Скулптурите коишто се изработени во изминативе пет години, како и на најновите мозаици и слики, се израз на посветениот процес на изработка преку постојано експериментирање со материјалот, формите и боите, резултирајќи во фанастични безгранични светови на приказните коишто ни ги отвора авторката.”

Изложбата ќе ја отвори историчарката на уметност Маја Чанкуловска.

За сите љубитеи на уметноста изложбата ќе биде отворена до 28.06.2023 година.

Tags: Марта Поп Антоска БашевскаУметничкиот Центар АРТ ХАБ
Next Post
Фото: МИА архива

„ВМРО-ДПМНЕ го проби дното, бесрамно излажа и ширеше паника дека во државата има отровен зеленчук“

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk