ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Скопје ќе го добие првиот културно иновациски парк

June 6, 2023 21:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата од кабинетот на премиерот, за Иницијативата за формирање хибридни младинско иновативни центри на територија на Република Северна Македонија поднесена од граѓанските организации: Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТАП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“.

Со одлука на Владата, на предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, ќе започнат активности за формирање мешовита установа меѓу Владата и Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТ АП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“.

Како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, ваков тип установа, како што е образложено во информацијата, ќе придонесе кон афирмирање и употребување на капацитетот на младите луѓе, нивните идеи и креативност, како одраз на заложбите на Владата за задржување на успешните кадри во нашата земја, преку можностите да ги реализираат своите капацитети во државата, какви што примери има во Љубљана, Тирана, Стразбур, Приштина.

Процесот предвидува формирање мултифункционален и интердисциплинарен парк, којшто ќе придонесе за зголемување на понудата на културни и едукативни содржини, обуки за развој на бизнис и уметничко изразување, како и други активности, со цел создавање услови за младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, но сѐ уште немаат доволна финансиска и логистичка поддршка за негова реализација.

За координатор на активностите поврзани со активностите за формирање мешовита установа меѓу Владата и Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТАП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“, е назначен Васко Кичевски, секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции, поврзани со приоритетите на претседателот на Владата.

Tags: Владакултурно иновациски паркседницаСкопје
Next Post
Фото: Укринформ

Недостиг на вода за пиење, помор на животни, поплавени градови: Ова ќе биде како Чернобил

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk