ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Децата и младите остануваат наш приоритет

June 6, 2023 12:48
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата „Зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал и корупција меѓу младите во Југоисточна Европа”.

„Министерството за труд и социјална политика во изминатите три години интензивно работи на унапредување на современиот концепт на правда на децата преку зајакнување на деинституционализацијата, кој во својата суштина го става акцентот на вонинституционалниот третман на децата во ризик и децата во судир со законот, наспроти институционалниот” рече Тренчевска на почетокот од своето обраќање.

Воедно истакна дека тоа ни малку не ја намалува должноста и одговорноста на државата и нејзините институции. Таа посочи дека тие треба да го осмислат, поддржуваат организираат и да го контролираат системот на мерки на поддршка, помош и заштита на децата надвор од институционалниот третман.

„Во јули 2018 година се заврши трансформацијата на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, со која сите 25 деца во ризик се преселени во пет групни домови во Скопје каде е обезбедена 24-часовна поддршка од стручни работници. Стручните работници кои работат со децата во групните домови поминаа обука за новиот начин на работење, а заради поквалитена грижа на децата се вработија и нови стручни работници” изјави Тренчевска.

Министерката објасни дека услугите за деца во судир со законот се темелат на современ интердисциплинарен пристап и максимална интеграција на децата, преку почитување на личното достоинство и интегритет на детето и развивање на нивната самодоверба. Таа посочи и на досегашните искуства и рече дека тие покажуваат дека згрижувањето во групните домови дава поголем и подолготраен ефект од стариот институционален пристап. Тренчевска на крајот од своето обраќање посака успешна и плодна работа на дводневната конференција.

На конференцијата во воведните излагања се обратија и шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килијан Вал и амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри.

Tags: МТСПТренчевска
Next Post

Промовиран нов Центар за болести на црн дроб во рамки на Клиниката за гастроентерохепатологија

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk