ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Желев: Македонија има многу храбри политичари на кои воопшто не им е лесно да ги туркаат уставните измени

June 7, 2023 09:40
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот парламент вчера ја изгласа новата влада на чело со научникот Николај Денков. За владата на премиерот Денков во 240-члениот парламент гласаа 131 пратеник. На овој начин заврши двегодишната политичка блокада, а новата влада треба да спроведе реформи кои нашиот источен сосед би го одвеле во евро и шенген зоната. Неговата политичка коалиција, предводена од партијата „Продолжуваме со промените“, која на изборите во април го освои второто место, ќе ја предводи владата во наредните девет месеци. Потоа премиерската функција ја презема поранешната еврокомесарка Марија Габриел, членка на партијата ГЕРБ, според коалицискиот договор што го потпишаа ГЕРБ на Бојко Борисов и „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков.

Ваквиот развој на настаните предизвикува реакции и во македонската јавност, со оглед на односите на релација Скопје-Софија. Се поставува прашањето како ќе се постави новата бугарска влада во однос на нашата земја и нашиот пат кон членство во европското семејство. Бугарскиот политиколог и докторант по политички науки на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Милен Желев во разговор за „Локално“ вели за македонското општество треба да биде добра вест што на власт ќе бидат политички формации кои ги делат евроатлантските вредности.

Оценува дека владиниот кабинет Денков-Габриел почива на кревкиот џентлменски договор за ротирачки премиер, кој, како што вели, би можел да пропадне во секој момент со локалните избори кои доаѓаат наесен.

-Академик Денков е поранешен министер за образование кај нас и научник од светски ранг, а Марија Габриел е личност со долгогодишно искуство во институциите на Европската Унија и органите на Европската народна партија. И двајцата се експерти и личности од консензус кои со должна сериозност би пристапиле на прашањето за билатералните односи со РСМ, порачува соговорникот.

Желев смета дека Работната група за уставни измени во земјава е навистина добар знак за односот меѓу двете земји.

-Без разлика на контрадикторностите, мислам дека вашата земја има многу храбри политичари на кои воопшто не им е лесно да ги туркаат уставните измени кои се непопуларни во општеството. Спомнувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е неопходно од едноставна причина што над 120.000 македонски граѓани имаат бугарски пасош. Тоа нема да повреди никого, вели политикологот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаЖелевМакедонија
Next Post

Рисот конечно ќе живее во заштитено подрачје, започна репрогласувањето на „Маврово“

НАЈНОВО

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

October 18, 2025
Фото: МИА

За уривање на спомен-куќата на Владо Малески, ОЈО Струга оформи предмет

October 18, 2025
Приказната за телескопите

Приказната за телескопите: Поглед кон вселената – од Галилео до Џејм Веб и Роман

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk