ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гренел предупредува за сериозни последици; можен е предлог за недоверба на владата на Курти; насилствата во Звечан диригирани од Белград

June 8, 2023 12:25
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН

По тензиите на северот на Косово, меѓународната заедница, односно САД и ЕУ му дадоа рок до петок на Курти, да се придржи до преземените обврски претходно. Поранешниот пратеник на Соединетите Американски Држави во преговорите Косово-Србија, Ричард Гренел порача дека Последиците би можеле да бидат многу сериозни ако Курти и каже „не“ на меѓународната.

Косовски аналитичари велат дека можно е косовската опозиција да предложи недоверба на владата на Курти, по средбите со западни дипломати.

Ова се само дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

Клан Косова -Гренел: Последиците би можеле да бидат многу сериозни ако Курти и каже „не“ на меѓународната

„Курти не разбира што се случува со Косово. Меѓународната заедница му даде рок до петок да се придржува до обврските што неговата земја ги презеде претходно. Моите пријатели во Косово треба да бидат подготвени на сериозни последици доколку Курти не се согласи. Ги видов последиците и не се убави“, порача Поранешниот пратеник на Соединетите Американски Држави во преговорите Косово-Србија, Ричард Гренел, пренесе Клан Косова.

Европа е Лире: Предлог за недоверба на Владата за да се избегнат последиците од Западот?

Лајчак и Ескобар, на 6 мај, се сретнаа со лидерите на трите опозициски партии во Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Демократската лига на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК).

Како што велат претставниците на овие партии, на средба со западни дипломати се разговарало за актуелната криза на северот на Косово и за барањата на Западот до Владата на Косово да излезе од ситуацијата создадена таму.

Познавачот на политичките случувања, Артон Демхасај од невладината организација Левизја Чоху, смета дека Лајчак и Ескобар разговарале и со опозициските партии за алтернативни опции за излез од создадената ситуација.

Демхасај за Радио Слободна Европа вели дека не е исклучена можноста на средбата на Лајчак и Ескобар со претставниците на опозициските партии да се разговарало и за можноста за гласање недоверба на Владата на Курти.

Тој смета дека таквата идеја е во согласност и со изјавата на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој на 6 јуни рече дека не поддржува поединец кој „нема инстинкт за соработка“, алудирајќи на премиерот Курти, пренесува Радио Слободна Европа на албански јазик.

Газета Блиц: Помал број демонстранти во Звечан

„Локалните Срби продолжуваат со протестите во Звечан, каде што денеска се собраа во помал број  во близина на општинската зграда.“, пренесе Газета Блиц.

Сури нет: Состојбата во северна Митровица, Вучиќ планира разговори со косовските Срби

„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека од 9 до 12 јуни ќе разговара со косовските Срби, бидејќи тензиите на северот на Косово продолжуваат.

Вучиќ за време на обраќањето во Белград им се заблагодари на Србите во Косово кои, според него, мирно се борат за своите права.“, пренесе Сури нет.

Зери – Експертот Курт Басуенер: Насилството во Звечан врз КФОР беше диригирано од Белград

„Од гледна точка на меѓународните аналитичари, ситуацијата на северот на земјата се смета за диригирана од Белград, вели политикологот Курт Басуенер, кој долго време се занимава со случувањата на Балканот. Тој вели дека формирањето на Здружението има за цел да го зајакне Белград, за преку него како инструмент да ја држи под контрола тензијата и ескалацијата на ситуацијата.

Политикологот Курт Басуенер е ко-основач и постар соработник на Советот за политика за демократизација со седиште во Берлин, основан во 2005 година.“, пренесе  Зери.

КОЛУМНА

Бота Сот -Краки: „Косово не е ниту Судан, ниту Либија да и се воведуваат санкции“

„Косово треба да има нови избори на север и пристапот на Албин е по проамерикански на долг рок отколку пристапот на Ескобар, кој бара моментален личен успех. Веќе не е време кога демократските влади се соборуваат и назначуваат во срцето на Европа. Тоа не е Косово, Судан или Либија. Тоа доаѓа како каубој од Тексас кој ја злоупотребува моќта на Америка и пријателството што го имаме со неа.

Мирослав Лајчак не е Европа. Никогаш не бил. Како тогашен министер за надворешни работи на Словачка, тој беше позициониран против Европа и против Америка, со ревност и убедување против независноста на Косово. Никогаш, во ниту еден момент, оваа личност не покажала почит кон Косово или дури симболично прифаќање на нашата држава. Неговата мисија е да избегне конфликт, а не да најде долгорочни решенија.

А единствена закана за конфликт на Балканот е Србија, не Косово. Србија во Уставот го има Косово. Дали Ескобар или Лајчак го спомна ова? Неееее!“, пишува аналитичарот  Незир Краки, во колумната „Косово не е ниту Судан, ниту Либија да и се воведуваат санкции“, објавена во Бота Сот.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Суспільне Миколаїв/Facebook

Поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште во Украина – Растат цените на житарките на берзите

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk