ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коалициските партнери на СДСМ дават зелено светло ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата, ЕУ со јасна порака

June 9, 2023 10:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Предлогот на Ковачевски до Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени и одма потоа ВМРО-ДПМНЕ да влезат во владата, отвора нови врати и дава свеж ветер во грб на патот на Македонија до членство во ЕУ, особено после спремноста на Мицкоски ВМРО – ДПМНЕ да влезе во Влада со СДСМ и да гласа за уставните измени под одредени услови.

Коалициските и владини партнери на СДСМ, се согласни ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата ако гласаат за уставните измени.

Либерално-демократската партија (ЛДП) е подготвена да го прифати влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во владејачката коалиција доколку опозицијата ги поддржи уставните измени.

Според претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, европската иднина на граѓаните е најважна.

„Европската иднина на граѓаните е најважна и секако напредокот на Македонија во преговорите со Европската унија и отворање на кластерите. И токму затоа го поздравуваме расположението на ВМРО-ДПМНЕ во нивниот избор да дадат поддршка во евроинтеграциските процеси и да гласаат за промена на Уставот. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, но истите да стапат во сила пред формирањето на влада во која би се приклучиле како опозициска партија. Сите заедно имаме одговорност по кој пат ќе ја движиме државата и каков стандард ќе им обезбедиме на граѓаните“, вели Зајкова.

НСДП поддржува влез во Владата на ВМРО-ДПМНЕ откако ќе се изгласа потребата од измени на Уставот, соопштија од партијата.

Оттаму го поздравија одржувањето на лидерската средба во насока на политичкото обединување на кое повикаа пред две недели и кое е неопходно за да се загарантира европската иднина на државата.

„Го поздравуваме прогресот во ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, кој процес треба веднаш да се започне во Собранието. НСДП е спремна со своите пратеници да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата со цел остварување на највисокиот стратешки државен интерес-членство во Европската Унија, откако во Собранието заеднички ќе изгласаме прифаќање на Иницијативата за уставните измени“, порачааод НСДП.

За НСДП македонскиот јазик и македонскиот идентитет се загарантирани и заштитени со усвојувањето на преговарачката рамка и нема простор за загриженост, тие се гарантирани од нашите стратешки партнери Европската Унија и САД.

Повикаа на државнички пристап од сите политички актери, на разум и „да не дозволиме државата да стагнира, туку да бидеме одговорни и да го препознаеме политичкиот моментум за да исчекориме кон прогрес, реформи и општествен напредок кој го очекуваат граѓаните“.

Извршниот одбор на ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата за продолжување на евроинтеграциските процеси, соопштуваат од ДОМ после седницата на Извршниот одбор на ДОМ каде се дискутирало за актуелната политичка состојба во земјата.

„ДОМ ја поздравува одржаната лидерска средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ, Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како основа за конструктивен дијалог и политичко обединување за продолжување на македонските евроинтеграциски процеси. ДОМ го поздравува ставот на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени и ќе поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, откако во Собранието заеднички ќе се усвои потребата од измени на Уставот“, се наведува во соопштението од ДОМ.

И коалициските партнери во Владата даваат зелено светло за влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата, ако гласаат за уставните измени.

ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада, сподели министерот за надворешни работи, Бујар Османи како реакција на барањата на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по лидерскаta средба со премиерот  Димитар Ковачевски.

„Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, додаде Османи во својата кратка објава на Фејсбук.

Артан Груби на средба со заменик американскиот амбасадор во земјава Ерик Мејер истакна дека поважна е европската иднина на граѓаните и на нашата држава и дека ДУИ се подготвенини за секаква одлука што би овозможила консензуално одобрување на уставните измени.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари рече дека не е важно кој предлог на Ковачевски или Мицкоски е поприфатлив. Според лидерот на АА поважно е да се изгласаат уставните измени.

„Она што е важно за нас е дека ВМРО-ДПМНЕ веќе дава позитивни сигнали дека се подготвени да гласаат за уставните измени, нешто што веќе го кажавме пред месец-два дека на крајот ВМРО повторно ќе гласа за уставните измени. Предлогот веќе не е важен, за нас како политичка партија е важна агендата, додека агендата и единствениот пат на Македонија е патот кон ЕУ, без разлика на комбинациите и опциите кои се нудат, ние сме тука да ги поддржиме и помогнеме патот на РСМ да продолжи  кон почеток на преговорите со ЕУ“, вели Арбен Таравари.

Европската унија со јасен став, дека сега е моментот да се направат уставните измени и да се премине на следниот чекор.

Вратата на Македонија кон Европската Унија е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор, истакна амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Нагласува дека доколку не се направат уставните измени, тоа значи дека сме ја пропуштиле шансата, која други ќе ја искористат.

„Уставните промени се голем проблем. Суверенитетско прашање е за државата. Но мислам дека неколку елементи ќе бидат особено важни и ќе треба да се земат предвид штом ќе се објави предлогот и ќе стане достапен за јавноста. Ќе почнам со уставните промени. Мислам дека пред сѐ тука се клучни тајмингот и контекстот. Лани во јули ги почнавме пристапните преговори со Северна Македонија. Засега процесот се одвива добро. Скринингот е во тек, тимовите се добро организирани и гледам позитивни промени. Постои залет. Но постои еден поширок контекст како резултат, за жал, на војната на Русија против Украина. Има залет за проширувањето и сите сега ја разбираат сериозноста на интересот за напредување во процесот на проширувањето на ЕУ. Мислам дека сега има голема шанса. Во овој миг вратата е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор“, рече Гир во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Според него, Парламентот треба да се фокусира на аргументите, да ја види пошироката слика и да донесе одлука.

Средба Мицкоски, Ковачевски. Фото: МИА

На лидерската средба на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ковачевски предложи, ако ВМРО-ДПМНЕ гласа во Собранието за уставните измени, веднаш по изгласувањето ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници на ВМРО – ДПМНЕ и да се има Влада во која ќе бидат дел сите партии кои се за ЕУ – интеграции.

Ставот на Мицкоски е дека ВМРО – ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата влада на ДУИ, а евентуалните уставни измени да важат од денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27 земји членки. Мицкоски дури дал и предлог кој вклучува поддршка на уставните измени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, по новите околности на политичката сцена по вчерашната средба на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, Ерик Мајер на Фејсбук објави дека ова е период кога треба да ги донесеме клучните одлуки за забрзување на евроинтеграцискиот процес, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат.

Ј. Ѓ.

 

Tags: владина коалицијаВМРО-ДПМНЕСДСМуставни измени
Next Post

Членките на ЕУ се согласија за заеднички став за миграцијата и азилот

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk