Утре ќе се одржи презентацијата на најголемиот регионален саем за вино и успешна винска приказна Vine Vision by Open Balkan.
Настанот е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во тесна соработка со министерствата на Србија и Албанија.
Предвидени се свечени обраќања на премиерот Ковачевски и министрите за земјоделство на трите држави членки на Open Balkan.
Настанот ќе се одржи утре (сабота) 10.06.2023 година со почеток во 13:00 часот, на летната тераса во Клубот на пратеници, Скопје.