Продорен звук на моторни пили утрово го разбуди Градскиот парк во Скопје.
Како што се гледа од видеото во прилог работници најверојатно на ЈП „Паркови и зеленило“ сечат здрави дрвја во најголемиот скопски парк.
Град Скопје под чија надлежност е претпријатието немаше објавено никаква најава дека ќе се сечат дрвја, па оттаму се поставува прашањето: Кој и зошто прави масакр на здрави дрва утрово во Градски парк?
Извор: 24Инфо.мк