Минатата недела се појавија видеоа на кои се гледа како ЈП „Паркови и зеленило“сечат дрвја во Градскиот парк во Скопје.
Иако во јавноста постоеја сомневања дека се сечат здрави дрва, Град Скопје и јавното претпријатие тврдеа дека дрвата што се сечеле биле стари и болни.
Но фотографии направени утрово покажуваат дека во Градскиот парк се уште им мноштво на исушени дрва што не се отстрануваат.
Ваквите големи, стари и исушени дрвја се опасност за минувачите и луѓето што рекреираат во паркот, особено кога времето е нестабилно со силни ветрови и поројни дождови како што е во овој период.
Извор: 24Инфо.мк