ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Мирен викенд на северот на Косово; Ескобар со „поблага“ реторика кон Курти; 24 години од ослободувањето на Косово

June 12, 2023 12:11
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На северот на Косово во текот на викендот, за разлика од последните две недели, е мирно, според косовските медиуми. Од САД, односно нивниот емисар за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се забележува поблага реторика што се однесува до косовскиот премиер Курти, за разлика од претходниот период. За овие, и неколку други теми од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, во прилогот во продолжение.

КОСОВО

Клан Косова – Состојба на северот: Мирен викенд во општините со српски демонстранти

„За разлика од последните две недели, на вториот ден од викендот овде не се забележани српски демонстранти. Одвреме-навреме се гледаа граѓани кои излегле на прошетка. Надвор од зградата на општината не беа забележани полицајци, освен неколку припадници на унгарскиот КФОР.

Нивните австриски соседи беа многу позафатени и униформирани во Звечан. Демонстранти имаше повеќе, бидејќи поставија и транспарент на кој пишуваше „Звечан е вечен“. Други во сенка го поминуваа времето играјќи карти. И во Лепосавиќ цел ден беше мирно.“, пренесе Клан Косова.

РТВ 21 – САД го омекнуваат односот кон Курти/Ескобар: Курти е наш партнер, иако понекогаш е тежок

Американскиот емисар за Западен Балкан Габриел Ескобар во интервју за Институтот за политика и економија на Југоисточна Европа зборуваше за односите со премиерот на Косово Албин Курти. Ескобар рече дека Курти е „партнер на САД, иако понекогаш тоа е тежок партнер“. „Господинот Курти е наш партнер. Понекогаш тој е тежок партнер, но тој е партнер. Косово е наш партнер. Србија е наш партнер. Значи, во иднина сакаме да имаме корист од добрите односи што ги имаме со Косово и од подобрувањето на односите што ги имаме со Србија“, рече Ескобар, пренесе РТВ 21.

РТК – Лајчак за резултатите од посетата на Приштина и Белград: Се надевавме на повеќе

Мирослав Лајчак, емисарот на Европската унија (ЕУ) за дијалогот Косово-Србија  ги посети Косово и Србија заедно со Габриел Ескобар, американскиот претставник за Западен Балкан, во време кога северот на Косово се соочува со политичка и безбедносна криза.

Во однос на посетите,  овие  Лајчак вели дека се надевал на повеќе. Сепак, за се што ќе каже ќе поднесе извештај до земјите од Европската Унија.

„По неколку дена на пат, се враќам во сончевиот Брисел. Оваа недела ги посетив Приштина и Белград заедно со американскиот заменик помошник секретар и пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар. Патувавме во регионот со цел да се осврнеме на тензичната ситуација на северот на Косово, која сите ја видовме во текот на минатата недела, и да го истражиме потенцијалот за политичко решение“, напиша Лајчак, пренесе РТК.

Зери: 24 години од ослободувањето на Косово

„Денеска се навршија 24 години откако Косово беше ослободено од српските паравоени сили и точно на денешен ден беа распоредени 50 илјади војници на НАТО, а со нив и привремената управа на Обединетите нации.“, пренесува Зери.

Албеу – Албанските иселеници во фокусот на британската влада: Не се загрозени во својата земја, доаѓаат од економски причини

„Албанските имигранти во Велика Британија веројатно нема да бидат во опасност во нивната земја или да имаат потреба од азил, соопшти меѓупартиска група пратеници.

Сепак, треба да се направи повеќе за поддршка на албанските жртви на шверц на луѓе, особено на жени, рече Одборот за избор на внатрешни работи.

Во извештајот објавен во понеделникот, фокусиран на Албанија, Комитетот рече дека нема јасна основа ОК да прифати илјадници барања за азил од албански државјани.“, пренесе Албеу.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Ледениот и Френки ја осудуваат Србија

„Франко Симатовиќ, наречен „Френки“, подреден на Станишиќ, беше првиот креатор на паравоени формации во поранешна Југославија, во Хрватска. Под директива и команда на Државната безбедност тогаш беа формирани сите злогласни паравоени единици, од оние на Аркан до „Громовите“. По осум години убиства и насилство низ поранешна Југославија, овие единици, предводени од  „Црвените беретки“ на Френки пристигнаа во Косово за да го извршат најголемиот масакр врз цивилното население, особено во рок од 78 дена од бомбардирањето на НАТО.“, пишува Ветон Сурои во колумната „Ледениот и Френки ја осудуваат Србија“, објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

Маск се подбива со Трамп за случајот Епстајн: Каде е ветената листа на клиенти?

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk