ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Германија почнува најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

June 12, 2023 09:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемите воздушни маневри во историјата на НАТО започнуваат денеска во германскиот воздушен простор со двонеделна вежба во која учествуваат околу 10.000 војници и 250 авиони од 25 земји, јави ДПА.

Предводена од германскиот Бундесвер, вежбата ќе трае до 23 јуни и има за цел да вежба одбивање на фиктивен напад на агресор од исток.

„Тоа ќе биде демонстрација на сила со цел да се покаже единството на сојузниците и да се импресионираат потенцијалните противници, како што е Русија“, изјавија минатата недела германски и американски претставници, при најавувањето на вежбата.

Вашингтон испраќа 2.000 припадници на американската Национална гарда и околу 100 авиони да учествуваат на оваа обука.  – Ова е вежба која ќе биде апсолутно импресивна за секој што ја гледа, а ние не присилуваме никого да ја гледа, изјави претходно американската амбасадорка во Германија Ејми Гутман. Таа појасни дека вежбата без сомнение ќе ја демонстрира „агилноста и брзината“ на сојузничките сили и дека би била прилично изненадена доколку некој светски лидер не забележи што покажува тоа во однос на духот и силата на НАТО алијансата. – Тука мислам и на рускиот претседател Владимир Путин, додаде американската амбасадорка.

Шведска, која се надева дека ќе се приклучи на алијансата, и Јапонија, исто така, учествуваат во вежбите предводени од Германија.

Вежбата „Ер Дефендер 23“ (Air Defender 23) започнува денеска, со 10.000 учесници и 250 авиони од 25 земји. Вежбите се дизајнирани да симулираат одговор на напад врз земја-членка на НАТО.

Иако маневрите се одвиваат додека беснее војна меѓу Русија и потенцијалниот кандидат за НАТО Украина, официјални лица од германските воздухопловни сили рекоа дека идејата за вежбата датира од 2018 година, пред почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година.

Три области во воздушниот простор на државата ќе бидат засегнати од маневрите: делови од северна Германија и Северното Море, делови од источна Германија и Балтичкото Море и делови од југозападна Германија.

Tags: воени вежбиГерманијаНАТО
Next Post

Задолжителниот воен рок се враќа во Европа

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk