ДУИ и предложи на опозицијата План од 3 точки со цел решавање на политичкиот грч, во кој се наоѓа земјата, поради потребата од уставни измени, сподели на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Бујар Османи.
На денешната прес конференција, Османи нагласи дека ДУИ не е партија што мисли за следните избори, туку за идните генерации и токму затоа е спремна да се откажува од сите владини функции.
1. Опозицијата да ги подржи уставните амандмани кои би влегле во сила до одржување на втората меѓу-владина конференција.
2. ДУИ би се повлекле од сите позиции на Влада вклучувајќи и тоа што би го добиле дали од позиција или опозиција за време на Пржинската, односно техничката Влада, значи од сите можни позиции од идната техничка Влада.
3. Доколку се прифати овој План, задолжително од утре да започне истрага за политичките партии, почнувајќи од Претседателите до членовите на претседателствата и за сите останати носители на јавни функции со присуство на експерти на меѓународната заедница, за да се обезбеди објективност и транспарентност на истрагата.
„Истрагата, односно условот на ДУИ за овој вид на истрага има за цел објективност во процесот, со што би се оставило крај на политичките пресметки и неоснованите политички обвинувања на одредени субјекти за учество во криминални активности на носители на јавни функции“, додава Османи.