Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, во пост на социјалната мрежа постави неколку прашања во врска со односите помеѓу Македонците и Албанците во земјава.
Во постот тој порачува дека „ова колективно лудило мора да престане“.
„Не смееме да бидеме заложници на мала група на луѓе кои имаат логистика и пари да го поделат овој народ по секој можен основ. Оваа држава стана територија за експерименти, тоа мора да престане“, истакнува Салиу.
Едноставно со некои работи не можам да се помирам затоа што се тотално несфатливи.
Би сакал некој искрено да ми одговори на неколку прашања…
1. Како може Македонец да е против правото на самоопределување кога цел живот се бори со побројни и помоќни нации да им докаже дека се…— FurKlan (@FurkanSaliu) June 12, 2023