РИБАРО
„Како стојат работите со мене последниве денови, драги мои вмровци, не знам ни јас самиот. Така фино-лепо се заебав после лидерскава средба со Ковачевски што нема жива сила што може да ме извади. Уствари мислам дека Ковачевски и ДУИ здраво ми го забиберија.
Ми понудија влез во Влада, за заедно да ја исправиме земјава кон ЕУ. Јас за да ги заебам, мислам нема шанса ова да прифатат, им велам – Ок ама без ДУИ. 5 минути не поминаа од мојата изјава, излезе она Османи од ДУИ, вели – нема проблем, ДУИ излегува од влада ако ДПМНЕ гласа за уставните измени.
Друго, велам, колку да се каже нешто – Може уставни измени да гласаме, ако ни гарантира ЕУ. Ене ги оние Германцине, Бундестагот ќе гласа резолуција за поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ и потврда на македонскиот јазик и идентитет. Еве сега Ковачевски вели и Премиер да бидам. Цврц ми е работава!
Шо ќе праиме со она „НЕ“ што го носевме на маици како недоделкани? Како ќе го бришеме, куп фотки имаме?
Сите ми даваат шанса да ја избавам партијава од говна и да и дадам ветар во грб на државава до оди кон ЕУ, а јас пелтечам како недоветен.
Уште само Натали остана да ми даде шанса – „Ајде Натали, дај му… шанса на човекот“ така ми довикуваат, ме заебаваат по улици“, рекол Мицкоски на брифинг со своите блиски соработници во белата палата на вмровците, дознава АХА.
Еден од соработниците со предлог и прашање до Мицкоски:
„Шефе, 44 вмронски пратеници како гаранција кон народот, заверија на нотар изјави дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Устав. Со нив шо ќе праиме? Да запееме: „Ми рече НЕ, по грчки ДА…“
А бе седи таму Дирлада еден, уште до песна ми е дојдено?! Хахаха… гаранција кон народот. Хахаха… Нашите пратеници имале „здрава свест“? Да непукниш ме изнасмеа на сета мака, му возвратил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK