Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа на ТВ Хепи уште еднаш се обиде да изврши притисок врз медиумите, нагласувајќи дека четворица од пет водители на Дневникот на РТС ги „лајкуваат“ на социјалните мрежи протестите „Србија против насилството“, објави N1.
„Ја зазедоа РТС! Не влегоа физички, туку психички. Погледнете ги – имаат четворица водители на Дневникот кои ставаат „лајк“ на нивните протести, четири од пет, мислам колку што има“, рече Вучиќ.
VEOMA me interesuje kako teče proces kojim predsednik republike srbije dodje u posed podatka koliko voditelja dnevnika radio televizije srbije “lajkuje” proteste na drustvenim mrezama.pic.twitter.com/01fYmRtenK
— Grüßlibär Anton 8 (@kazi_tibi) June 13, 2023
Тој додаде дека поради тоа Владата размислува кога да организира протести пред јавниот сервис.
За потсетување, ова не е првпат Вучиќ да изразува незадоволство од односот на РТС кон протестите „Србија против насилството“.
На крајот од минатиот месец на ТВ Пинк изјави дека самиот ќе го потпише барањето на опозицијата за промени во РТС.
„Ќе им потпишам, бидејќи мислам дека РТС стана, ајде, како претседател ќе бидам поблаг… Мислам дека РТС стана многу, многу пристрасна на нивна страна и тоа е единственото нешто што можам да го кажам. Не разбрав зошто протестираат, но тоа го направија од хир. Тоа го научија, уште од Митевиќ, ајде да одиме, да зборуваме нешто, да зборуваме глупости…“, истакна српскиот претседател.
Тогаш тој потенцира и дека на 27 мај Дневникот на РТС пет пати се вклучил на протестот што се одржа во близина на зградата на јавниот сервис, а тоа го има „само уште во Северна Кореја“.
Г. Т.