ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Антиалбанството, стара мантра во стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во оваа партија отсекогаш доаѓале на власт со ветувањето кон своите огнени гласачи или подобро - навивачи - дека им е доста од коалицирање со некоја од тогаш моќните албански партии во македонскиот политички пејзаж. Потоа сѐ се менуваше - откако ќе се добереа до власта, одржувањето на кормилото беше дел од класичната поделба на ресорите, моќта и политичката иднина со својот архинепријател. На грамофонот на политичката реторика се ставаше плочата на „Б“ страната. Сега, плочата на политичките стереотипи пак стои на страната „А“, ама брзо стана - погрешната!

June 14, 2023 10:38
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Еден од најголемите протестни собири што се одржа после парламентарните избори во 1998 година, се случи на 29 февруари 1999 година. Беше тоа ноќен и моќен синдикален собир на кој се приклучија и бројни незадоволни гласачи. Според тоа што извикуваа дел од дојдените (повеќето од градовите во внатрешноста), беше јасно дека тие беа гласачи на „најмакедонската партија“ кои подлегнале на ветувањата на политичките активисти кои порачувале дека нема да дозволат „диктати“ на албанските партии и дека ќе прават коалиции само со партии со македонски предзнак.

Незадоволство на гласачите од коалицијата на Георгиевски во 1998 година

Познато е дека новата влада, со Љубчо Георгиевски како премиер, сепак во себе вклучи и министри кои дојдоа од новиот коалиционен партнер ДПА и ги добија ресорите правда (!), информации, локална самоуправа и едно место без ресор. Ова кај дел од оние кои сметаа дека „наседнале“ предизвика револт кој набрзо беше засилен по убиството на тројца полицајци (Кирил Петрушевски, Ерол Готак и Ацо Ангеловски) на работното место во Арачиново, случај кој ни после две децении не се реши (добро е на ова да се потсетат оние кои се незадоволни од ефикасноста на правосудството денес).

Имаше многу примери дека не само што не се преземаат „поостри мерки“ кон еден етницитет, како што стоеше во предизборните „магнети“ на партијата победник, туку се виде дека постои една рамнодушност кон потенцијалната поделба на земјата по стариот урнек од Втората светска војна.

Ова беше засилено со една изјава на вицепремиерката Доста Димовска во стилот „отаде Групчин ништо не ме интересира“, потврдена со планот на првиот човек на МАНУ Ефремов за нова мапа на земјава по старите граници на бугарско-италијанскиот окупатор и тоа среде вооружениот конфликт во 2001 година!

ТУК СУМ Доста Димовска како наш културен аташе во Софија даде изјава за БГНЕС – „тук сум, дома сум“. Таа беше дел од класичната константа на својата партија во однос на „бугарските корени“

Со таа историска беневолентност кон вистинските националните интереси, ВМРО-ДПМНЕ го дочека Охридскиот договор  – премиерот Георгиевски го потпиша тој документ, но одби да се фотографира во стилот „јас не сум од тука“. Гест доволен да ја пушти водата за наводната непопустливост пред своите гласачи, создавајќи мала бара во која ќе се ројат идните комарци на парадниот национализам на „црвено-црните“.

Орловските нокти на нашиот архинепријател

Сценариото на оваа партија во одделот меѓунационалните односи остана исто и после расцепот во 2004 година – на антиалбанството ќе ги острат своите говори, ќе ги сечат „орловските нокти“ на нашиот архинепријател (Љубиша Георгиевски, претседателски кандидат), а потоа нема да им пречи истата позиционирана снајперска цел да биде надвор од нишанот и да влезе во нивните прегратки како најсилен коалиционен партнер со кого ќе ги брише сите граници на индивидуалните деловни интереси („каменот од блиску доаѓа“ е дел од разговорот меѓу Началникот и Муса Џафери, висок функционер на ДУИ, сега отпадник од својата партија).

Тој разговор секако стана најдобра илустрација за вистинската природа на глумениот национализам, кој стана груба реалност и во последните мигови од нашите политички потреси.

Упс, грешка на стратезите во Шампитата

Во мигот кога завршија тет-атет раговорите меѓу Ковачевски и  Мицковски во Клубот на пратениците околу прифаќањето на европскиот услов за продолжување на преговорите со Унијата, шефот на опозицијата постави два клучни услови. Еден од нив беше ДУИ да излезе од привремената Влада која ќе ја замени постојната и која ќе ги готви идните парламентарни избори. Не беа доволни петте министерски места кои СДСМ ги даде од својот владин сегмент!

Вицепремиерот Груби, гостувајќи во Студио 10 во понеделникот наутро (12 јуни), рече дека се гледа дека на Мицковски веќе не му пречи загрозувањето на македонскиот идентитет од страна на Бугарија, туку му пречи постоењето на Албанците во власта. Тој ја повтори искажаната подготвеност ДУИ да се тргне веднаш од Владата кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгласаат промените на Уставот и и ќе ги внесат Бугарите како малцинство во основниот акт на државата.

ГРУБИ Се откри дека за Мицкоски не е важно внесувањето на Бугарите во Уставот, туку тргнувањето на Албанците од власта

Факт е дека во меѓувреме, додека траеше викендот и имало силни турбуленции во самата партија на Мицковски околу условите на „предавството“ во Клубот на пратениците, од Шампитата дувнаа и други ветришта, па се пушти гласче дека односот кон ДУИ ќе се гради после идните парламентарни избори, во зависност од пратеничките места кои ќе ги освои оваа партија. Стана јасно дека во тек се мајсторските поправки на мизансценот. И онака, одамна онесвестениот коалициски капацитет на ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе влезе во шок-собата на оздравувањето.

РОК НА ТРАЕЊЕ Антиалбанството на Мицковски секогаш има рок на траење – едно е да си во опозиција, а друго е кога треба да се дели власта (Мицкоски и Ахмети снимени во декември 2021 година)

Колку за ДУИ, како што вели Мерсел Биљали „ним сега не им треба предизборна кампања“, бидејќи со овој неочекуван гест на Ахмети секако дека Мицковски им даде огромен подарок. Во Мала Речица триумфираа во мигот кога една од тактичките замисли на таборот на Мицковски, неговите умни градители на стратегиите за одбивање на владата на Ковачевски да ги прифати условите на партискиот шеф за неговите гласови во Собранието за промена на Уставот ги базираа, пред сѐ, на очекуваната заштита на министерските места на ДУИ. И на вицепремиерското место на Груби… Какво промашување! Џиновско…

Ова убедување за потезите на Ковачевски е толку силно, таков планиран „зихер“ што нашите медиуми, врзани со папочна врска со Шампитата и понатаму ја туркаат мантрата дека „за Ковачевски е важно  ДУИ да остане во Владата“, како да се работи за џубокс во кој паричето на партиската машинерија на ДПМНЕ веќе е одамна пуштено, а омилената арија веќе е порачана и не може да се сопре! Па, ќе танцуваме ли?

Старите мантри на оваа партија се како крлежи, ќе се фатат за облеката и никој не може да ги истреби оттаму. А нема ни искрени обиди за тоа.

Извор Цивил Медиа


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. |

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕстратегија

НАЈНОВО

Сиљановска го објави името – Трајко Славески за нов гувернер на Народна банка

May 21, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

May 21, 2025

Поранешниот советник на Виктор Јанукович, адвокатот Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk