Белгија и додели 3,5 милиони евра на Украина за да помогне во елиминирањето на последиците од руското минирање на браната на ХЕ Каховка, напиша премиерот на Украина Денис Шмихал на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Белгија одвои 3,5 милиони евра за да помогне во елиминирањето на последиците од рускиот терористички напад на ХЕ Каховка. За ова се заблагодарив за време на онлајн разговор со премиерот на Белгија Александар Де Кро“, се вели во извештајот.
Помошта вклучува генератори на струја, медицинска опрема, лекови, резервоари за складирање на вода за пиење, шатори итн.
„Разговаравме за хуманитарните и еколошките последици од катастрофата и за потребата од зајакнување на санкциите против агресорот“, посочи Шмихаил.
Д. Т. / Цивил Медиа