ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на „Преспа форум за дијалог”: Потребни се важни структурни реформи за побрзо и поинклузивно зголемување на потенцијалот за раст на регионот

June 16, 2023 10:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Доходот на регионот на Западен Балкан во однос на европскиот просек е само околу 40%, што покажува дека не растеме доволно брзо за да ја намалиме разликата со земјите од ЕУ. За да растеме побрзо и на поинклузивен начин, мораме да го подигнеме потенцијалот за раст, за што се потребни важни структурни реформи со кои ќе се зголемат инвестициите и физичкиот капитал, човечкиот капитал и продуктивноста. Ова е потребно особено во време на отежнати глобални макроекономски услови и геоекономска фрагментација”, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, обраќајќи се на сесијата „Поплочување на патот кон просперитетот: Екофин-стратегии за раст на Западен Балкан”, којашто се одржа во рамките на „Преспа форум за дијалог”.

Ангеловска-Бежоска се осврна на ниската реална конвергенција на регионот на Западен Балкан во однос на ЕУ, којашто во голема мера се должи на структурни предизвици. Ова е видливо преку значителното намалување на потенцијалот за раст на регионот по глобалната финансиска криза, кога во просек е намален од околу 5% на 2,5%, коешто е посилно намалување во споредба со ЕУ и покажува дека конвергенцијата во иднина може да биде уште поголем предизвик за регионот.

Во доменот на човечкиот капитал, податоците укажуваат дека се бележи намалување на работоспособното население во земјите на Западен Балкан, што пред сѐ е одраз на два неповолни фактора, односно демографијата и емиграцијата. Во услови кога работоспособното население во последната деценија е намалено од 70% на околу 65%, кога секој петти граѓанин роден во регионот живее во странство, а повеќе од една третина од граѓаните размислуваат за иселување, неопходни се „збир на политики како што се политики за ублажување на емиграцијата, активни политики на пазарот на труд коишто ќе се справат со структурната невработеност, како и соодветни образовни политики за зголемување на квалитетот на човечкиот капитал и решавање на проблемот со неусогласеноста на вештините на работната сила со побарувачката”, додаде гувернерката.

Досегашното искуство од процесот на конвергенција на земјите од ЦЈЕ покажува дека процесот на пристапување кон ЕУ игра значајна улога за забрзано спроведување на структурните реформи и забрзување на економскиот раст. Оттаму, засилувањето на овој процес и поголемиот пристап до фондови на ЕУ може да има значаен придонес во процесот на конвергенција.

Tags: Ангеловска-БежоскаПреспа форум за дијалог
Next Post

Средба Грковска- Шмид на Преспа форумот за дијалог: Поддршката на ОБСЕ е клучна за јакнење на анктикорупциските механизми

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk