Тројцата косовски полицајци киднапирани од српските специјални единици Р.З., Б.С. и М.С. се наоѓаат во Кралево, Србија, каде во моментов се одржува нивното сослушување пред Вишиот јавен обвинител, соопшти српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ, пренесуваат косовските медиуми.
„Потоа вишиот јавен обвинител во Кралеве ќе одлучи дали ќе му предложи притвор, а потоа судијата ќе одлучи дали ќе му одреди притвор од 30 дена“, рече тој.
Адвокатот посочи дека сето ова мора да се реши до 12:30 часот, кога истекува 48-часовното „полициско запирање“.
Д. Т. / Цивил Медиа