ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски греши: Претходната резолуција на Бундестагот беше донесена во времето на Шредер, а не на Меркел

June 19, 2023 15:49
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Веројатно сакајќи да ги дифузира нападите од СДСМ за тоа зошто сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата  ЦДУ/ЦСУ не гласала за резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во Бундестагот, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, направи грешка – и тоа суштинска.

Бидејќи нема друга таква силна резолуција на Бундестагот, освен онаа од 2004 година, како што тоа претходно го изјави Антонио Милошоски, Мицкоски веројатно осврнуваше на тој став на германските пратеници. Милошоски веднаш по изгласувањето на документот во Бундестагот рече дека тоа не е прва резолуција каде што се споменува Македонија во германскиот парламент. Во гостувањето на Радио Лидер Милошоски рече:

„Во 2004 година спроти територијалната организација во Република Македонија, се донесе резолуција во германскиот Бундестаг која имаше неколку клаузули: едната Охридскиот договор, втората билатералните договори и третата се однесуваше на името и Бундестагот упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. Но, како што знаете, тоа не се оствари“.

Денеска, во изјава на настан во општина Аеродром, Мицкоски објаснуваше дека сегашнава резолуција била „степен подолу“ од времето кога „ЦДУ, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ,  беше на власт во Германија и канцеларката Меркел имаше многу посилна резолуција и многу подобар предлог која посилно ги брани македонските идентитетски одредници“.

Бидејќи Мицкоски не објасни на која резолуција точно мисли, тој веројатно се реферираше на онаа што ја споменуваше Милошоски и која потоа како рефрен ја повторуваа претставници на партијата во повеќе наврати.

Проблемот е што тогаш, во 2004, на власт во Германија беше канцеларот Герхард Шредер, лидерот на Социјалдемократската партија. И тогаш и сега, министер за надворешни работи беше силна личност од партијата на Зелените. Тогаш шеф на дипломатијата и вицеканцелар беше познатиот Јошка Фишер; сега министерка за надворешни работи е Аналена Бербок.

Ангела Меркел во таа 2004, како шеф на ЦДУ, беше лидер на опозицијата во Бундестагот. Таа стапи на функцијата канцелар идната есен, во 2005 година, кога победи на изборите со супер тесна разлика и мораше да направи голема коалиција со СПД затоа што не можеше да се формира влада.

Околу втората тема која Мицкоски денеска ја спомена, за предлогот на Берлин кога Германија претседаваше со ЕУ во втората половина на 2020, работите се одамна јасни: тој предлог за решавање на недоразбирањата меѓу Бугарија и Македонија официјално Скопје го прифати, а Софија, по иницијалното зелено светло, го одби. И таа приказна заврши. Тогаш министер за надворешни работи во големата коалиција на Меркел беше Хајко Мас, член на Социјалдемократската партија. Инаку, водењето на надворешната политика во Германија е во исклучива надлежност на Министерството за надворешни работи. Ако Мицкоски тоа не го знае, тогаш сигурно тоа му е добро познато на Милошоски.

Обвинувањата на СДСМ на сметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа зошто не лобирале кај нивната сестринска партија ЦДУ да ја поддржат резолуцијата за Македонија во Бундестагот, Мицкоски денеска го толкуваше како постапка која не ѝ одела во прилог на Македонија, затоа што фрлале сомнеж кон стратешките партнери на државата. Тој посочи дека во анкетите сега води партијата ЦДУ и се надева дека нејзиниот лидер и пријател на ВМРО-ДПМНЕ, Фридрих Мерц, ќе биде идниот канцелар. Изборите во Германија ќе се одржат во септември 2025.

Љ. П. / Независен

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГерманијаМицкоскирезолуција
Next Post

Изразување сочувство за смртта на Крешник Ајдини, во Лајф Радио во вторник од 14 до 19 часот

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk