ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Граничните премини Јариње, Мердар и Брњак сè уште блокирани; КФОР подготвени за интервенција; Атлантскиот совет во Вашингтон ќе заседава за Косово и Србија

June 20, 2023 11:19
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН

Косовските медиуми известуваат дека и денеска продолжуваат блокадите на граничните премини Јариње, Мердар и Брњак, а од КФОР навестија дека се подготвени за интервенција доколку се повторат насилствата на северот на Косово.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РТК: Сè уште блокирани граничните премини Јариње, Мердар и Брњак

„Од Националниот центар за гранично управување информираат дека продолжуваат да се блокирани граничните премини Јариње, Мердар и Брњак. Министерството за надворешни работи на Косово повика да се користат и други гранични точки.“, пренесе РТК.

ФаксВеб – Командантот на КФОР известува за Север: Нестабилна состојба! Подготвени сме да интервенираме доколку има акти на насилство

Командантот на КФОР, Анџело Ристуча, во понеделникот вечерта на конференција за медиумите зборуваше за ескалацијата на тензиите на северот на Косово.

За време на конференцијата тој изјави дека силите на НАТО во Косово се подготвени да се соочат со секаква ситуација доколку актите на насилство слични на неодамнешните состаноци го загрозат мирот.

„Тука сме за да избегнеме влошување на ситуацијата и да ги намалиме зголемените тензии. Така што единствено што можам да кажам е да ги поканам двете страни да ги преземат сите мерки, сите неопходни мерки за деескалација на ситуацијата. На сите луѓе на Косово, без разлика на нивната вера, етничка припадност, култура, не им треба ситуацијата дополнително да се влошува“, изјави шефот на КФОР, пренесе Факс Веб.

Клан Косова: Ескобар и Лајчак денеска разговараат за дијалогот Косово-Србија во Атлантскиот совет

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак денеска ќе одржат дискусија во Европскиот центар на Атлантскиот совет во Вашингтон за дијалогот Косово- Србија. Настанот ќе се одржи виртуелно денеска, 20 јуни, околу 15:00 часот, пренесе Клан Косова.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб- „Над 1.000 имигранти влегле во Британија за 72 часа“, алармира пратеникот на ДП за депопулација на Албанија: Потребни се брзи и драстични мерки!

„Пратеникот на Демократската партија, Дашнор Сула, уште еднаш го привлече вниманието за масовното иселување и на тоа што државата се празни.

Сула додаде дека околу 1.000 луѓе влегле на британска територија од Ла Манш за 72 часа и иако не се сите албански државјани, бројките и понатаму се алармантни.“, пренесе Балкан Веб.

КОЛУМНА

Бота Сот: Жозеп Борел посредник или мисионер на ЕУ?

„Никој подобро од самиот Борел не требаше да ја разбере оваа „дисонанца на звуците“ и оваа теорија на дипломатската игра. Односно, Борел, покрај тоа што беше министер за надворешни работи на Шпанија, беше и професор на Универзитетот во Мадрид, во две научни области кои меѓу другото имаат врска со Статистика и Веројатност. Неговиот избор во дијалогот, наспроти сите елементарни закони на веројатноста, сигурно го поттикна да одговори на многу прашања.“, пишува авторот проф. Д-р Зија Леши во колумната „Жозеп Борел посредник или мисионер на ЕУ?“, објавена во Бота Сот.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржаа резолуцијата на Бундестагот, тоа навистина треба да ги загрижи

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

August 28, 2025

Брисел со остра осуда на рускиот напад врз Кијив во кој беше погодена делегацијата на ЕУ

August 28, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk