Реномираниот косовски новинар и добар позанавач на балканските сотојби Мељазим Коци, за Рацин.мк разговара на темата како да се реши големиот српско-косовски проблем и замрзнатите преговори меѓу двете страни, особено по настаните што се случија по локалните избори, на северот на Косово.
Потсетувајки на генезата и развојот на кризата, Коци е на мислење дека Договорот од Охрид од 18 март, меѓу Вучиќ и Курти со посредство на ЕУ, ќе биде многу тешко остварлив и предвидува долго време немири на северот на Косово и можеби враќање на резолуцијата 1244 за тој дел од Косово во некоја прилагодена варијанта.
Коци потсетува дека во Охрид, Косово и Србија се согласија на договор за нормализација на меѓусебните односи, иако Белград одби да го потпише договорот.
Во суштината на тој договор е запишано дека Србија не се обврзува да ја признае независноста на Косово, но се обврзува да не се противи на членството на Косово во сите меѓународни организации.
Со договорот од Охрид Косово се обврза да ги спроведе сите обврски од претходните договори во Брисел, од кои најважна е Заедница на српските општини со мнозинско српско население.
Целата изјава на Мељазим Коци за Рацин.мк, тука.