ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Џез оркестарот добива трајна адреса, простор од 475 м2 под Националната Опера и балет

June 20, 2023 14:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Новоформираната Национална установа Џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса – во зграда бр.1, влез 1, на бул.„Гоце Делчев“ бр.4, на Катастарска парцела бр. 9505/1, Катастарска општина Центар 1, со Имотен лист бр. 40986. Се работи за дел од вкупниот простор од 1448 м2 под Националната Опера и балет, простор од 475 м2, за чие соодветно реновирање имаме и проект и обезбедени средства, истакна на денешната прес-конференција министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека овој простор од 475м2 е со трајно користење на Министерство за култура.

„Откако беше заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови неминовно траеше неколку недели, Владата , на денешната седница, донесе одлука овој простор да ѝ припадне на Националната установа Џез оркестар и на тој начин најдобро да го искористи и да го сочува државниот имот. Ќе нагласам – иако се работи за државен имот, беше потребно време за комплетирање на документацијата, запазување на сите законски постапки и изготвување на проект за реконструкција и адаптација на просторот, а сето тоа одеше етапно и се разгледуваше на неколку владини седници“, истакна Министерката.

Костадиновска-Стојчевска рече дека ветувањето кон јавноста, а пред сè кон вработените во Филхармонија, го исполнила и како што нагласи „со оглед на обемноста на документацијата и запазувањето на сите неопходни процедури, ова ветување го одржав во реално најкус можен временски период. Ветив и ветувањето го исполнив“.

„Му благодарам на оној кој и покрај, во најмала рака неетичкото однесување, ја објави електронската преписка која ја имав со дел од раководниот тим на Филхармонија, и ја направи видлива пораката во која напишав: „ќе биде како што сме се договориле“. И еве, како што гледате, јас зборот го одржав.

Сега, чесен епилог на сево ова е – извинувања кон јавноста и публиката од директорката и управниот одбор свесно манипулираа со врвни музичари, но и со авторитети од светот на културата, убедувајќи ги дека јас и оваа Влада сакаме да ја земеме зградата на Филхармонија и воедно свесно ги изложија на критики од јавноста како нетрпеливи и безобзирни домаќини.

Невистините, манипулациите и заканите продолжија и откако на владина седница ја дополнивме одлуката, допрецизирајќи и нагласувајќи  дека Џез оркестарот времено, до своето законско оформување, ќе биде во дел од просториите на Филхармонија.

Поединци, користејќи се со полувистини, на сите манипулации ја дотурија и таа дека „заради нивното спротивставување и борба за зградата на Филхармонија“ јас сум им испратила инспекција. Вистината е далеку од тоа. Се работи за редовна комуникација на службите од Министерството за култура со Националните институции, и тие не се инспектори.

И уште една полувистина – посебната сметка на Филхармонија е блокирана?! Не е точно.  Вистината е дека , заради подобра евиденција и искористеност на секој денар во културата, од пред неколку месеци побарав сите Национални установи да достават прецизен план каде ќе бидат искористени тие средства. Ако отчетност бараме од другите корисници, зошто не би ја барале и од Националните установи.

Да повторам. Новоформираната Национална установа Џез оркестар , со одлука на Владата, добива посебна адреса и простор.

Верувам дека вработените во Филхармонија ќе си останат на зборот дека нивните колеги од Џез оркестарот ќе можат да ги одржат своите генерални проби и концерти во зградата на Филхармонија.

Во исто време, ги повикувам сите вработени во Филхармонија да ги запрат протестите и да се вратат во нормалниот ритам на работа, да се посветат на творештвото и да дадат придонес во нормализација на односите. Тоа сите и го должиме на публиката. Да го дочекаме големиот Мехта достоинствено.

Ова е крај на манипулативните и непотребно создадени тензии меѓу колеги музичари. Не сакам да навлегувам во тоа кому и зошто му беа потребни, но тие тензии се создадени и прават штета. Сите имаме одговорност да создаваме решенија. А тие што одбиваат да градат мир, чесно е да се повлечат.

Претседателот на Синдикатот на Филхармонија се надевам дека ќе има минимум доблест на јавноста, но пред сè на своите колеги, да им се извини за сите пласирани манипулативни соопштенија во кои немаше ниту грам синдикализам, а уште помалку култура и со тоа креираше погрешна слика во јавноста дека музичарите се нетрпеливи и тесногради едни кон други.

На музичарите и од Филхармонија и од Џез оркестарот им посакувам успешна и плодотворна работа и соработка.

Просториите на Националната установа Џез оркестар се спроти просториите на Културно уметничкото друштво „Орце Николов“. Верувам дека ќе бидат добри соседи и, на наше задоволство, можеби ќе нè изненадат со некој уникатен заеднички проект“, потенцира министерката за култура Биера Костадиновска-Стојчевска.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаНационална опера и балетЏез оркестар

НАЈНОВО

Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

July 5, 2025

Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“

July 5, 2025

Шест патници повредени по пожар во авион на „Рајанер“ во Палма де Мајорка

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk