ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Курти и Вучиќ во Брисел; билатерални средби само со Борел; протести кај Грачаница; пет примери за борба против руската пропаганда

June 22, 2023 12:48
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ ја прифатија поканата од ЕУ за средба во Брисел, во Грачаница, Косово, главниот пат е блокиран од косовската полиција заради безбедност во текот на протестите што денеска најавија дека ќе го одржат локалните Срби. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

Бота Сот: Курти и Вучиќ ја прифатија на ЕУ да одат во Брисел, билатерални средби се очекуваат само со Жозеп Борел

„Лидерите на Косово и Србија потврдија дека ќе учествуваат на состанокот за управување со кризи, што го свика шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 22 јуни изјави дека во четврток во Брисел ќе се сретне со Борел, но не и со Курти.

Курти пред еден ден го потврди учеството на средбата во Брисел.“, пренесе Бота Сот.

 Арбреш: Блокиран главниот  пат во Грачаница поради протестот на тамошните Срби

Косовската полиција  од 11:30 часот денеска ќе го блокира главниот пат на Грачаница.

Полицијата преку соопштение соопштува дека тоа се прави поради протестот што денеска таму ќе го одржат Србите.

Во оваа прилика, органите на прогонот ги повикуваат оние кои го посетуваат патот Приштина-Гњилане да користат алтернативни правци.

„Косовската полиција, за да го спроведе на редот на најавениот протест што ќе се одржи денеска во Грачаница, со почеток од 11:30 часот до завршување на протестот, ќе го пренасочи сообраќајот за возилата кои сообраќаат од Приштина кон Гњилане и обратно, бидејќи главниот пат во Грачаница нема да биде прооден за сообраќај до крајот на протестот.“, пренесе Арбреш.

Радио Косова е Лире: Професорот Даниел Сервер не ја отфрла можноста премиерот Албин Курти да биде прогласен за нон-грата од Америка

„Познатиот американски професор и аналитичар Даниел Сервер не ја отфрли можноста премиерот Курти да биде прогласен за нонграта од Америка, во случај одбивањето на  деескалацијата да биде екстремно. Тој вели дека ова е страшна идеја што би го направила премиерот Албин Курти уште понепослушен, но посочува дека не ја исклучува оваа можност, појаснувајќи дека Албин Курти како опозиционер имал проблеми да добие американска виза.“, пренесува Радио Косова е Лире.

Зери- Германски експерт: Белград води хибридна војна против Косово, силите на КФОР биле нападнати и од агенти на српската БИА

Во интервју дадено за Дојче Веле, експертот за балкански прашања Конрад Клевинг објаснува зошто моменталната состојба на косовско-српската граница е загрижувачка и што може да се направи за да се продолжи.

„Има многу показатели кои ме тераат да се сомневам: одбивањето на Вучиќ да го потпише Охридскиот договор и намерата на Србија да и даде автономија на Заедницата на општини со српско мнозинство. Дополнително, повеќе од една година српската влада и српските медиуми што ги контролира, значително ја заостри својата реторика. Повеќе не се работи за правата на Србите, туку за наводниот систематски „терор“ што го вршат косовските власти врз Србите. Дури и самото Косово е систематски делегитимизирано: Владата на Белград и нејзините медиуми сега постојано го користат терминот „т.н.“ власти на Косово и Косово се препишува во цитати како „Косова и Метохија“ или „КиМ“. Тоа се целосно ревизионистички и воинствени термини. И од февруари наваму, откако е потпишан договорот, овој јазик е се полош и полош.“, пренесува косовскиот дневник Зери.

ИНА: Како да се борите против руската пропаганда?

„Прва лекција: Секое општество треба да учи од Финска, особено албанските општества.

Втора лекција: Во Финска образовниот систем игра клучна улога. Учениците уште од мали нозе учат како да разликуваат лажни вести, манипулации, лаги, пропаганда.

Трета лекција: Финска има Национална агенција за итни случаи (The National Emergency Supply Agency), која се фокусира на темата на лажни вести.

Четврта лекција: Многу граѓански организации во Финска се ангажираат во развој и имплементација на програми против лажни вести.

Петта лекција: Во Финска постои наставна програма за критичко размислување. Целта на оваа наставна програма е да се анализираат изворите и да се проверат фактите, како и да се анализираат техниките на манипулација.“, извадоци од петте примери за борба против руската пропаганда,  од авторот Енвер Робели , објавени во ИНА.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Вечниот спијач Бранко Ц.

НАЈНОВО

Џим Џармуш со Златен лав во Венеција за филмот „Татко, мајка, сестра, брат“

September 7, 2025

Хеликоптерска несреќа во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk