ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Камбовски: Со уставните измени „тропаме на отворена врата“

June 22, 2023 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Академикот Владо Камбовски денеска изјави дека прашањето за уставните измени не заслужуваат толкава бура во јавноста, бидејќи со иницијативата за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот „тропаме на отворена врата“. Тие, потенцира академикот, се внесени во Уставот како заедница затоа што во Преамбулата постои генерална клаузула која зборува и за „други народи односно заедници“.

– Јас мислам дека е потребен дијалог во кој треба некои разумни аргументи. Значи не можеме во овој период да се водиме од страсти или стравувања, конкретно во однос на уставните амандмани. Околу едно прашање кое не заслужува да предизвика таква бура, да речам, и чувствата на луѓето. Еве конкретно за тоа прашање, бидејќи тоа е дел од овој период на обврски што треба да остварат. Па ние со тоа, таа иницијатива всушност за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот тропаме на отворена врата, бидејќи тие се внесени во Уставот како заедница затоа што во преамбулата постои генерална клаузула која зборува за други народи, односно заедници. А во посебните одредби што се однесуваат на правата на припадниците на заедницата, постои потполна изедначеност на сите заедници било тие да се признати или не се признати, истакна академикот Камбовски.

Тој посочи и на меѓународните конвенции кои поаѓаат од ставот дека една заедница, национална, етничка, религиозна…, која и да е, постои со самото свое постоење без оглед дали е призната формално или не е призната во Уставот или во другите акти на државата, бидејќи се работи за права, колективни права итн.

– Зборот ми е низ еден разумен, трезвен дијалог без политички калкулации, без манипулирање, без непотребен популизам итн… нека се слуша малку мудриот глас на научната јавност и нека се дебатира со аргументи во однос на сите одбрани исклучителни прашања за кои сакаме да дебатираме со аргументи, без некакво политикантство или калкулации што тоа ќе значи за една партија, за друга партија, туку поаѓајќи од еден општ интерес и на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат во Република Северна Македонија, рече академикот Камбовски во изјава за медиумите пред почетокот на Конференција за забрзување на процесот за пристапување во ЕУ во МАНУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Камбовскиуставни измени

НАЈНОВО

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавата на Мицковски за дополнителни даноци за неженети и немажени

July 4, 2025

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk