ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николоски: Зелената транзиција меѓу најзначајните приоритети на Владата

June 22, 2023 14:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената транзиција е еден од приоритетите кои се високо на листата на Владата на РС Македонија, што се покажа како исклучително значајно во периодот на енергетската криза. Во изминатиот период Владата сериозно се посвети на инвестиции во енергетскиот сектор, со цел спроведување на успешна енергетска транзиција која ќе обезбеди сигурност во снабдувањето на енергенси, одржливост на енергетскиот систем и ќе биде ценовно прифатлива за сите граѓани и компании. Ова го истакна заменик министерот за финансии Филип Николоски во своето обраќање на годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ во Тирана на тема „Зелена транзиција”.

„Кризата ја покажа потребата од енергетска независност. За нас е многу значајно што со навремено преземање чекори, будно следење на состојбата и добро планирање на целокупниот производствен процес во домашните капацитети успешно ја поминавме грејната сезона и целиот период на криза. Оценивме дека најбрзо може да се реализира поставувањето на фотоволтаични централи и ги олеснивме условите за поставување на ваквите централи. Дополнително, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 17 месеци има издадаено лиценци за близу 500 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 246,9 MW, што значи дека се повеќе компании и фабрики во земјава сами произведуваат електрична енергија и со тоа обезбедуваат не само сигурност во снабдувањето, туку и пониски трошоци за електрична енергија.” – истакна заменик министерот Николоски.

Покрај новите инвестиции Владата презема чекори за зголемување домашното производство од постоечките енергетски капацитети, со активирање на ТЕЦ Неготино и искористување на целокупниот капацитет на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Дополнително, АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за домаќинствата и компаниите на регулираниот пазар и увозот на електрична енергија беше намален што претставува заштеда од околу 100 милиони евра.

Поддршката за граѓаните за справување со енергетската криза од страна на Владата досега изнесува околу 400 милиони евра. Поради непредвидливоста, оваа година предвидени се дополнителни 225 милиони евра средства од Буџетот за справување со кризата.

„Посветени сме на развивање и градење сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем во функција на одржлив економски раст на земјата. За таа цел Владата на РС Македонија планира инвесиции на долг рок во зелена транзиција меѓу кои ХЕЦ Чебрен, ревитализација и модернизација на големите хидроелектрани РЕК Битола и РЕК Осломеј, потоа ветерни паркови и слично” – рече Николоски.

Инвестициите во зелена транзиција се приоритет и во Планот за забрзан економски раст со кој се предвидува да се воведат нови финснсики инструменти – зелена обврзница, наменета токму за поддршка на овие зелени проекти, како и воспоставување Фонд за енергетска ефикасност во рамки на Развојната банка на Северна Македонија.

ЦЕФ е меѓународна организација со седиште во Љубљана, Словенија, чијашто мисија е да го поддржи развојот на капацитетите на финансиските службеници во Југоисточна Европа преку учење. На годишниот состанок, Одборот го потврди годишниот извештај на ЦЕФ за 2022 година и ги разгледа темите поврзани со управувањето и со програмата. На средбата учествуваат високи претставници од министерствата за финансии и централните банки од земји членки на ЦЕФ.

Tags: зелена транзицијаНиколоски
Next Post

Бесими: УЈП и царинските службеници немаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати

Shortcut

Најново

Илустрација: Укринформ

Украина ја менува динамиката на војната: Нервоза во Русија – масовното производство на дронови го запира руското напредување

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

May 29, 2026

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk