ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бајрами на конференција од високо ниво за зелените финансии во ЈИЕ во организација на ЦЕФ

June 23, 2023 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами, учествуваше на конференција од високо ниво за зелените финансии во Југоисточна Европа, под наслов „Развој на капацитетите и таксономија”, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), како и на Годишниот состанок на Одборот на ЦЕФ. Конференцијата, којашто се одржа во Тирана, Албанија, ги обедини високите претставници на централните банки, министерствата за финансии и центрите за знаење од регионот, во дискусијата за досегашниот напредок и идните чекори, како придонес кон постигнувањето на целта Европа да стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година.

Финансискиот сектор игра значајна улога во зелената транзиција, а истовремено тој е и изложен на ризици од климатските промени. Европската агенда за зелена транзиција го вклучува и развојот на зелените финансии, кон што заеднички дејствуваат и носителите на политиките. Со цел да се изгради отпорноста на финансискиот сектор кон климатските промени, справувањето со нив станува дел од пошироките цели на централните банки.

Народната банка ги препозна можните ризици за финансискиот сектор од климатските промени, оттаму справувањето со нив стана една од стратегиските цели на банката. Централната банка стана дел од Меѓународната мрежа за „зазеленување” на финансискиот систем, што овозможува постојано следење на активностите на глобално ниво во оваа сфера и примена на најдобрите практики во домашната економија. За поттикнување на кредитирањето за поддршка на проекти од областа на заштитата на животната средина и енергетската ефикасност од страна на банките,

Народната банка минатата година го измени инструментот на задолжителната резерва со која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. Притоа, податоците говорат дека интересот токму за зелени кредити е сѐ поголем, поточно од почетокот на периодот на објавување (четвртиот квартал од 2019 година) заклучно со првиот квартал 2023 година тие се повисоки за околу 120%. Во завршна фаза е и изработката на првата национална стратегија за поттикнување на зеленото финансирање, којашто предвидува мерки како редовни стрес-тестирања за оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени, како и насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии.

На Конференцијата учествуваа гувернерот на централната банка и министерот за финансии на Албанија, како и претседателката на ЦЕФ, вицегувернерот на централната банка на Словенија, како и други високи претставници. Од Народната банка учествуваше и Наташа Андреева, директорка на Дирекцијата за финансиска стабилност и макропрудентна политика.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бајрамизелени финансииНБ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk