ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ќе се распишат предвремени избори на северот на Косово; повторно експлозии во северна Митровица; нови детали за ситуацијата во кампот МЕК во Драч

June 23, 2023 12:21
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека на средбите што ги имал во четвртокот со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, било договорено да има предвремени избори во четирите северни општини во  Косово, а во северна Митровица синоќа повторно имаше експлозии,  јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ – ПРЕС.

КОСОВО

Бота Сот: Предвремени избори и ослободување на тројца полицајци, што порачаа лидерите вчера по средбите во Брисел

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата во Брисел изрази подготвеност да распише предвремени локални избори во Косово, но „во согласност со правната рамка на земјата“.

„Разбираме дека има потреба од предвремени избори во четирите општини на север, со процес на кој му претходи владеење на правото, отворена и фер кампања и слободни и демократски избори. Не можам да кажам дека ситуацијата е безбедна поради билатералните средби и имаме стабилен мир, но од оптимизмот на медијаторот можам да кажам дека има знаци дека деновите што следат ќе бидат подобри од оние што ги оставивме зад нас. “, рече Курти, пренесува Бота Сот.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека на средбите што ги имал во четвртокот со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, било договорено да има предвремени избори во четирите северни општини во  Косово.

РТВ 21: Повторно експлозии во северна Митровица

„Косовската полиција потврди дека во доцните вечерни часови на 22 јуни се случиле две експлозии во Северна Митровица. Од овие експлозии нема повредени.“, пренесе РТВ21.

Газета Експрес: Србите во Грачаница и денеска протестираат за поддршка на осомничениот за воени злосторства

„Денеска напладне во Грачаница ќе се одржи трет по ред протест, како што се тврди „поради апсењето на Драгиша Миленковиќ од Кишница“, кој е осомничен дека извршил воени злосторства над затворениците во притворот во Липјан пред војна во Косово..

Во исто време, граѓаните на Грачаница и неговата околина им даваат поддршка на сите Срби од северно Косово кои се уапсени поради хулиганство и напади врз новинари во Лепосавиќ.“, пренесе Газета Експрес.

Балкан Веб – Британската пратеничка  му одговори на амбасадорот Хил: Србија има договор со Русија и приведе тројца косовски полицајци

Пратеничката во Парламентот на Велика Британија, Алиша Кернс, му одговори на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, откако ја одржа обуката на американските сили со оние на Србија, наречена „Platinum Wolf”.

„Подобро „Платинест волк“, заедничка вежба со земја која потпиша договори за надворешна политика со Русија како продолжение на незаконскиот распад на Украина и во моментов незаконски приведува тројца косовски полицајци“, напиша Кернс, пренесе Балкан Веб.

АЛБАНИЈА

Леѕо: Контрола во кампот на МЕК, Обвинителството сослушува 10 муџахедини, бара  да ги заплени камерите во кампот

„Десет ирански муџахедини беа сослушани во Обвинителството во Драч како сведоци за настанот што се случи утрото во вторник, на 20 јуни, во кампот на МЕК во Манез, Драч.

Иранците вчера беа испрашувани  за тврдењата дека полицијата употребила насилство врз нив и дека тие се одговорни за загубата на животот на еден член во кампот.

Извори од обвинителството велат дека и при вчерашното сведочење останале на истиот став.“, пренесе албанскиот медиум Леѕо.

КОЛУМНА

Коха: Дали Америка сè уште е „џандарот на светот“?

„Единствениот логичен заклучок е американските бизниси да ја напуштат Кина, не само за да се елиминираат ризиците, туку и да се оттргнат од зависноста од Пекинг. Но, проблемот за европските и азиските сојузници на Америка е тоа што е многу тешко да се направи разграничување од Кина. Само помислете на огромните инвестиции што ги направија европските производители на автомобили во кинеските фабрики за електрични автомобили. Американското раководство навистина би било добра идеја. Но, патувањето во Европа ја поткопува вербата во неа“, пишува во статија од Блумберг, преведена на албански јазик и пренесена во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Getty Images

Пригожин го обвини рускиот врв дека го лаже Путин за размерите на руските загуби и неуспеси во Украина

НАЈНОВО

Џим Џармуш со Златен лав во Венеција за филмот „Татко, мајка, сестра, брат“

September 7, 2025

Хеликоптерска несреќа во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk