ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Елиминирање на говорот на омраза и дискриминацијата се клучни во остварувањето на човековите права

June 23, 2023 13:06
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествува на меѓународната конференција „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација”, во Црна Гора.

Конференцијата ја отвори министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека, кој беше воедно и домаќин на настанот. Воведно обраќање имаше и амбасадорот на Република Северна Македонија во Црна Гора, Н.Е Зеќир Рамчиловиќ, а учествуваа министри на земјите од регионот, претставници на меѓународни организации и Европската Унија.

Министерката Тренчевска  се обрати на панелот „Борбата против говорот на омраза–современа област на антидискриминацијата”, каде што се осврна на стереотипите за родовите улоги во општеството, за говорот на омраза, како и за одговорноста на секој поединец во општеството особено  јавните личности за почитување на човековите права и ненасилна комуникација.

„Неинформираноста и неприфаќањето на различностите се дел од клучните причини за постоење на стереотипи и предрасуди за жените и мажите во општеството. Секој стереотип и предрасуда води кон дискриминација, нееднаков третман и непочитување на луѓето, а тоа води кон кршење на човековите права и општествените вредности,” посочи Тренчевска.

Таа се осврна на состојбата на ова прашањето за родова еднаквост и говорот на омраза во македонското општество, при што истакна дека е направен огромен исчекор напред во последните 5 години.

„Во овој момент имаме 43% жени пратенички во Парламентот, 35% жени советнички во локалните самоуправи и 5 жени министерки. Но тоа не е доволно да кажеме дека нашето општество е родово сензитивно и дека де факто овозможува еднакви можности. Колку повеќе жените се присутни во процесите на одлучување, толку повеќе говорот на омраза во медиумите е изразен,” истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека и покрај посветеноста и  напорите кои што се  вложуваат во сензибилизација на општеството, говорот на омраза е една од најчестите форми на нетолеранција и ксенофобија.

„Со жалење можам да потврдам дека социјалните мрежи во последните неколку месеци се местото на организирање на првите антиродови движења кај нас, кои се полни со говор на омраза, омаловажување, стигматизирање, а тоа е она што особено загрижува. Новиот Закон за родова еднаквост, на кој повеќе од посветено работи Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика, е цел на овие движења, кои воопшто не се во насока на проевропските аспирации кои ги негуваме како држава и како Влада. Закон кој треба да промовира еднаквост, можности за сите, создава жигосување и нетолеранција,” истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека одговорност кон почитување на човековите права и  ненасилна комуникација има секој поединец во општеството, посебно кога станува збор за личности кои се дел од јавниот живот.

„Реакција кон родово заснованиот говор на омраза во јавноста не треба да има само од жени, што најчесто е случај, туку подеднаква одговорност треба да покажат и мажите кои се дел од јавниот живот. Родовата еднаквост не е само женско прашање, таа е прашање за основните човекови права,” истакна Тренчевска.

На панел дискусијата стана збор и за говорот на омраза, кој особено стана  изразен со појавата и ширењето на употребата на интернетот и друштвените мрежи. Во таа насока,  министерката посочи дека младите жени, жените од јавниот живот и жените политичарки се мета на говор на омраза во секојдневното живеење.

„Како жена и како министерка за труд и социјална политика, секогаш стојам за солидарноста, одговорноста и праведноста и со таа намера стојам и во одбрана на жените кои се мета на говор на омраза на интернет и воедно и јас имам поднесено кривични пријави против оние кои шират говор на омраза,” истакна Тренчевска.

Министерката информираше и дека, во месец Март оваа година, Министерството за труд и социјална политика преку кампањата „Гласна и храбра” покажа колку е важно да се зборува гласно за говорот на омраза, да се даде поддршка на секоја жена, но и да се охрабри секоја жена. Притоа, нагласи дека во периодот кој доаѓа во соработка со Советот на Европа ќе се работи на темата насилство преку интернет, каде што фокусот ќе бидат младите лица, со цел зајакнување на младите за препознавање на насилството и родовата еднаквост.

„Борбата против родово заснованиот говор на омраза и дискриминацијата кон жените е проблем кој ги засега сите земји во регионот. Анти – родовите движења се присутни насекаде, со основна цел да ја подријат демократијата во нашите современи општества. Затоа е потребна поголема регионална соработка, заеднички активности, на кои ќе се фокусираме во иднина и кои ќе бидат гарант за владеење на еднаквоста. Токму тука можеме да започнеме платформа за заеднички одговор кон говорот на омраза насочен кон жените. Ќе повторам – силни сме, храбри и одлучни,” порача Тренчевска на меѓународната конференција во Црна Гора.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МТСПТренчевскаЦрна Гора

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk