ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Исплатени субвенциите за над 5.300 производители на млеко

June 24, 2023 20:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Исплатени се 143.7 милиони денари за над 5300 млекопроизводители, информираат од Министерството за земјоделие. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни, и сопствено производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализаираше исплатата за произведеното и предаденото млеко за период од Јануари – Април 2022 година.До крајот на јуни следуваат субвенции и за останати земјоделци.

„До крајот на јуни ќе бидат исплатени и субвенциите за сертифициран семенски материјал, за предадено млеко, во јули веќе ќе се подготвуваме за следните исплати, односно дополнителната поддршка кај градинарите и во август дополнителната поддршка кај лозарите“, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Оваа година ќе биде запаметена по најбрзата исплата на субвенциите за лозарите, тутунарите, за овоштарите, рече министерот при последната посета на Битола.

„30 милиони евра се веќе издвоени и исплатени. Сите производители оваа година вклучителни и сточарите кои многу навремено ги добија субвенциите ќе добијат и 30% авансна исплата по аплицирањето оваа година. Затоа ја користам оваа прилика да апелирам, иако е одлична бројката на досега пријавени за субвенции околу 35 илјади апликанти до 30 јуни е рокот електронски преку веб страната на Платежната агенција или преку подрачните единици сите производители земјоделци да аплицираат за субвенциите затоа што оваа година ќе биде прва во која што 30% од субвенциите од програмата за 2023 ќе бидат исплатени во 2023 година. Покрај целиот буџет за субвенции кој што веќе е обезбеден и исплатен најбрзо досега, 30% имаме одвоено плус за субвенциите од оваа година по однос на програмата од 2023 година“, истакна министерот.

Ги спомена и субвенциите за тутунот.

„Износот за субвенции за тутунот зависи од квалитетот на тутунот од кој што ќе се произведе. Минатата година 80% од целокупното производство беше од прва класа, тоа говори за исправноста на моделот којшто го применуваме од 2018 година кога рековме дека за прва класа ќе има 80 денари, за втора 70 денари и за трета и останатите 60 денари, тоа ги мотивира тутунопроизводителите да произведуваат и минатата година постигнавме рекорд во износот. По однос на тутунопроизводителите јас се радувам што нема ниту едно евро долг ниту една од 11 те откупни компании кон ниту еден тутунопроизводител. Тоа говори за одличниот систем и модел којшто сме го поставиле каде што активно се следи откупот на тутунот на сите 204 откупни пунктови. 100 милиони евра веднаш беа исплатени од откупните компании, а државата ќе обезбеди рекорден девизен прилив од околу 150 милиони евра од тутунот. Тутунот е најзначајната извозна култура во земјоделството од која што се обезбедува најголем девизен прилив, па поради квалитетот од оваа година целиот овај модел обезбеди над 150 милиони евра девизен прилив“, рече Николовски.

Министерот ги потсети сите земјоделски стопанства дека во тек е аплицирањето за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е до 30 јуни 2023 година.

Земјоделските стопанства своите апликации за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски да се пријават преку порталот е-субвенции.

Извор: Тера

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: исплатаЉупчо НиколовскиМинистерство за зејоделствопроизводители на млекосубвенции

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk