Белорускиот претседател Александар Лукашенко во договор со рускиот лидер Владимир Путин разговарал со шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, пишуваат руските медиуми, повикувајќи се на белоруската прес-служба.
Тие додаваат дека Пригожин го прифатил предлогот на шефот на Белорусија да го запре напредувањето на „Вагнер“ во Русија и да преземе дополнителни чекори за деескалација на тензиите, јавија британски медиуми.
На Твитер се појави информација дека Пригожин демантирал се, но потоа на Телеграм се појави негова аудио порака во која тој вели дека неговите борци се враќаат во базата за да нема крвопролевање.
JUST IN: Wagner boss Yevgeny Prigozhin says he is turning his forces around from a march toward Moscow shortly after the Belarusian government claimed President Alexander Lukashenko had reached a deal with Prigozhin to halt the march.
The coup appears to be over and now forces… pic.twitter.com/em7i7RaSmg
— 🇺🇸Travis🇺🇸 (@Travis_in_Flint) June 24, 2023
„За сето ова време не пролеавме ниту една капка крв на нашите борци. Сега дојде моментот кога може да се пролее крв. Затоа, прифаќајќи ја сета одговорност за тоа дека руска крв ќе се пролее на една од страните, ги вртиме нашите војници и се враќаме во спротивна насока, во полските логори, според планот“, истакнал Пригожин.
Прес-службата на Лукашенко, како што тврдат руските новинари, соопштила дека има нацрт-решение за ситуацијата што е прифатливо за двете страни и дека борците на „Вагнер“ добиваат безбедносни гаранции. Не е наведено која, но претходно се пишуваше дека Путин им нуди амнестија.
„Утрово рускиот претседател Владимир Путин го информираше својот белоруски колега за ситуацијата на југот од Русија со приватната воена компанија „Вагнер“, Шефовите на двете држави се договорија за заеднички акции. По договорот, претседателот на Белорусија, по дополнително распрашување за ситуацијата преку свои канали, во координација со претседателот на Русија, разговараше со лидерот на „Вагнер“, Пригожин. Разговорите траеја цел ден. Како резултат на тоа, тие постигнаа договор за недозволиво крвопролевање на територијата на Русија. Евгениј Пригожин ја прифати понудата на претседателот Александар Лукашенко да го запре движењето на вооружените луѓе на „Вагнер“ во Русија и да преземе дополнителни чекори за деескалација на тензиите. Во овој момент на повидок е решение на ситуацијата, со безбедносни гаранции за борците Вагнер“, соопшти кабинетот на белорускиот претседател.
Г. Т.