Нема пречка за влез на Северна Македонија во ЕУ. Ова за БНР го изјави претставникот за надворешни работи и безбедносна политика на блокот, Жозеп Борел.
Според него, Северна Македонија добро напредува и нема ништо од европска страна што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ.
„Билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат пристапниот процес“, рече Борев одговарајќи на прашањето кои ќе бидат следните чекори на Брисел доколку Скопје до ноември не го вклучи постоењето на етничко бугарско малцинство во својот устав.