Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел кажа дека билатералните прашања нема да бидат обврзувачки во процесот на присоединување, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во гостувањето во Канал 5 телевизија.
-Пратениците на ДМПНЕ се на раскрсница, а внатре во партијата има вистински родољуби кои се за да се откочи процесот и очекувам да излезат од мантрата на слепи послушници. Не можете да бидете толку гласни антимакедонисти, бидејќи Бугарите во Уставот е најбенигното решение, зашто ја разбиваме фамата за еден народ две држави. Претпоставувам дека може само некакви надворешни, руски или лукративни влијанија да се во позадина? Оваа шанса не смее да се пропушти, потенцира Костовски.
Пратеникот од владејачкото мнозинство повтори дека неколку пати од европски челници било повторено дека нема да има промена на преговарачката рамка.
-Само на човекот кој има моменти на сомнеж за својата идентитеска природа може да му влијаат бугарските провокации. Пропадна уште една лага со резолуцијата од Бундестагот, а наредна е и Франција. Имаме почит и ветер во грб со зборовите за македонскиот идентитет и јазик. Против оваа резолуција беа само бугарското и македонското ВМРО, рече Костовски.