Заедничката мисија на Фронтекс и македонските погранични власти дава резултати, за 25% е намален бројот на мигранти во првите 5 месеци од годината во споредба со истиот период лани.
Ова се податоци што Рацин.мк ги доби од Канцеларијата за односи со медиумите на Фронтекс во Варшава, и од нив може да се заклучи дека овој тренд на намалување може да се толкува и како резултат на мисијата на Фронтекс, која од почетокот на оваа година се реализира како заедничка операција со македонските гранична полиција и другите служби задолжени за мигрантски прашања, со што се зајакна контролата на границата кога се во прашање нелегалните преминувања.
Како што покажуваат трендовите на мигрантските движења се главна рута за мигрантите, и тоа претежно за оние кои доаѓаат од африканските земји, е централниот Медитеран преку кој во ЕУ се обидуваат да влезат половина од вкупниот број што ги користат источно медитеранската, западнобалканската, западно медитеранската и западноафриканската рута.
Според податоците на Црвениот крст на Македонија, која како организација спроведува хуманитарна асистенција и медицинска прва помош кај лица во движење, односно мигранти, институционално згрижени и привремено сместени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг, во Транзитен центар Табановце, како и во Центарот за странци Гази Баба, во период од 5 месеци оваа година вкупно се ассистирани 5883 лица.
Овие податоци за Рацин.мк ги презентираше Сузана Тунева-Пауновска секретарка на Црвениот крст која е во постојана комуникација и ја координира работата на тимовите на оваа хуманитарна организација присутни 24/7 во двата центри, како и со мобилните екипи во пограничните региони.
Лицата сместени во центрите добиваат храна, хигиена, медицинска заштита, облека, психолошка поддршка и по потреба медицински транспорт, ни рече секретарката на Црвениот крст Сузана Тунева-Пауновска.
Оваа бројка од 5883 лица во првите 5 месеци од годината, што ни ги соопшти Тунева-Пауновска, го потврдува трендот на извесно намалување на бројот мигранти преку Балканска рута, а како споредба можат да послужат бројките од статистиката на Црвениот крст на Македонија. Според тие бројки во текот на 2021 година тимовите на Црвениот крст дадоа поддршка на вкупно 30 815 лица , а во 2022 на 43 215 лица.
Според податоците на Црвениот крст, транзитните центри во месец мај оваа година ги користеле 801 лице. Некои од овие лица престојуваат многу кратко согласно нивната желба да бараа азил или да се вратат во државата од каде пристигнале во нашата земја.
Дел од мигрантите се жртви на нелегална трговија со луѓе
Како што произлегува од искуствата на Црвениот крст, вели Тунеска-Пауновска, лицата во ирегуларната миграција се многу ранливи бидејќи се дел од нелегалната трговија со луѓе и за жал се изложени на многу насилство од страна на криумчарите.
– За период од пет месеци во оваа година се реализирале 1500 медицински интервенции што го потврдува фактот за нивната ранливост, ни рече секретарката на Црвениот крст.
Во 2022 година, кога вкупниот број на асистирани ирегуларни мигранти изнесувал 18199 лица, биле реализирани вкупно 11838 медицински интервенции, направени се 30 спојувања на семејства, 5 лица трагично го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 3 лица се здобиле со траен инвалидитет, вели Сузана Туневска-Пауновска.
Македонија како последна дестинација и работа со локалното население
Има ли и мигранти кои сакаат да останат овде , и можност тие да ја раскажат својата бегалска приказна , наогајки свој покрив на главата во Макеоднија, ја прашавме секретарката на Црвен Крст на Македонија Сузана Туневска-Пауновска.
– Низ нашата држава транзитирале околу 1 200 000 лица во текот на период од 2015 до денес. Во моментов 10 лица се со статус на субсидијарна заштита или лица кои ја одбрале нашата земја како крајна дестинации за нив и го започна процесот на интеграција во нашето општество. Три тие лица се од Конго, две од Сирија, две од Авганитан, едно лице од Пакистан, и две од Иран, информираше Сузана Туневска-Пауновска.
Таа не информираше и за работата на активистите на Црвениот крст со локалното население за нивна поддршка во асистенцијата на мигрантите, но и со цел да не се појави ксенофобија.
Мирјана Вaсилева / Рацин