ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фронтекс и македонските погранични власти со резултати: 25% помалку мигранти во првите 5 месеци од годината

June 29, 2023 13:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничката мисија на Фронтекс и македонските погранични власти дава резултати, за 25% е намален бројот на мигранти во првите 5 месеци од годината во споредба со истиот период лани.

Ова се податоци што Рацин.мк ги доби од Канцеларијата за односи со медиумите на Фронтекс во Варшава, и од нив може да се заклучи дека овој тренд на намалување може да се толкува и како резултат на мисијата на Фронтекс, која од почетокот на оваа година се реализира како заедничка операција со македонските гранична полиција и другите служби задолжени за мигрантски прашања, со што се зајакна контролата на границата кога се во прашање нелегалните преминувања.

Како што покажуваат трендовите на мигрантските движења се главна рута за мигрантите, и тоа претежно за оние кои доаѓаат од африканските земји, е централниот Медитеран преку кој во ЕУ се обидуваат да влезат половина од вкупниот број што ги користат источно медитеранската, западнобалканската, западно медитеранската и западноафриканската рута.

Според податоците на Црвениот крст на Македонија, која како организација спроведува хуманитарна асистенција и медицинска прва помош кај лица во движење, односно мигранти, институционално згрижени и привремено сместени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг, во Транзитен центар Табановце, како и во Центарот за странци Гази Баба, во период од 5 месеци оваа година вкупно се ассистирани 5883 лица.

Овие податоци за Рацин.мк ги презентираше Сузана Тунева-Пауновска секретарка на Црвениот крст која е во постојана комуникација и ја координира работата на тимовите на оваа хуманитарна организација присутни 24/7 во двата центри, како и со мобилните екипи во пограничните региони.

Лицата сместени во центрите добиваат храна, хигиена, медицинска заштита, облека, психолошка поддршка и по потреба медицински транспорт, ни рече секретарката на Црвениот крст Сузана Тунева-Пауновска.

Оваа бројка од 5883 лица во првите 5 месеци од годината, што ни ги соопшти Тунева-Пауновска, го потврдува трендот на извесно намалување на бројот мигранти преку Балканска рута, а како споредба можат да послужат бројките од статистиката на Црвениот крст на Македонија. Според тие бројки во текот на 2021 година тимовите на Црвениот крст дадоа поддршка на вкупно 30 815 лица , а во 2022 на 43 215 лица.

Според податоците на Црвениот крст, транзитните центри во месец мај оваа година ги користеле 801 лице. Некои од овие лица престојуваат многу кратко согласно нивната желба да бараа азил или да се вратат во државата од каде пристигнале во нашата земја.

Дел од мигрантите се жртви на нелегална трговија со луѓе

Како што произлегува од искуствата на Црвениот крст, вели Тунеска-Пауновска, лицата во ирегуларната миграција се многу ранливи бидејќи се дел од нелегалната трговија со луѓе и за жал се изложени на многу насилство од страна на криумчарите.

– За период од пет месеци во оваа година се реализирале 1500 медицински интервенции што го потврдува фактот за нивната ранливост, ни рече секретарката на Црвениот крст.

Во 2022 година, кога вкупниот број на асистирани ирегуларни мигранти изнесувал 18199 лица, биле реализирани вкупно 11838 медицински интервенции, направени се 30 спојувања на семејства, 5 лица трагично го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 3 лица се здобиле со траен инвалидитет, вели Сузана Туневска-Пауновска.

Македонија како последна дестинација и работа со локалното население

Има ли и мигранти кои сакаат да останат овде ,  и можност   тие да ја  раскажат  својата бегалска приказна , наогајки  свој покрив  на главата во Макеоднија, ја прашавме секретарката на Црвен Крст на Македонија Сузана Туневска-Пауновска.

– Низ нашата држава транзитирале околу 1 200 000 лица во текот на период од 2015 до денес. Во моментов 10 лица се со статус на субсидијарна заштита или лица кои ја одбрале нашата земја како крајна дестинации за нив и го започна процесот на интеграција во нашето општество. Три тие лица се  од Конго, две од Сирија, две од Авганитан, едно лице од Пакистан, и две од Иран, информираше Сузана Туневска-Пауновска.

Таа не информираше и за работата на активистите на Црвениот крст со локалното население за нивна поддршка во асистенцијата на мигрантите, но и со цел да не се појави ксенофобија.

Мирјана Вaсилева / Рацин

Tags: мигрантиФРОНТЕКС
Next Post

Порибена акумулацијата „Стрежево" со 6000 единки крап и пастрмка

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk