ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Порибена акумулацијата „Стрежево” со 6000 единки крап и пастрмка

June 29, 2023 13:40
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП “Стрежево” – Битола, Методија Граматковски, учествуваа во порибувањето на водите на акумулацијата Стрежево со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот.

Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”). Порибувањето се реализираше со подмладок од крап со единечна маса од 50-800 грама и пастрмка со единечна маса од 10-70 грама. Подмладокот потекнува од регистрираниот репроцентар Акватика.

„Ние како ресорно министерство, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава, водејќи грижа за континуирано унапредување на рибараството и аквакултурата во државава. Неодамна успешно завршивме проект финансиран од ЕУ „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија”. Придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ, туку и за целата држава, бидејќи со резултатите на проектот, одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ за Поглавје 13-Рибарство, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија” изјави министерот Николовски.

Министерот искажа задоволство од работата на ЈП Стрежево, кои покажаа дека во досегашниов период ја оправда довербата за управување со водите на акумулацијата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, преку редовно порибување.

“Јавното претпријатие Стрежево со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки кои денеска ги пуштивме во водите на Стрежево. Ние како концесионер, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во акумулацијата Стрежево. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени видови на риби, како и грижа за нивната видова разновидност, старосна структура и бројност”, изјави директорот Граматковски.

Стрежево плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата.

Во рамките на денешната посета на Стрежево, министерот Николовски оствари работна средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски. Покрај развојот на рибарството и аквакултурата, неизбежни и клучни теми беа преземените мерки за престојната сезона за наводнување, користењето и одржувањето на Хидросистемот Стрежево, како и улогата на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство.

Tags: АкумулацијаСтрежево
Next Post

Грчката академија за филм за првпат награди филм во чија продукција учествува и Северна Македонија

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk