ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Истражување: Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години

June 29, 2023 13:47
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Градските паркови и зелените површини помагаат да се победи топлината, да се зајакне биолошката разновидност и да се забави биолошкото стареење. Луѓето кои имаат пристап до зелените површини во просек се за 2,5 години биолошки помлади од другите, се наведува во студија објавена во „Сајанс адвенсис“ (Science Advances).

– Живеењето во близина на повеќе зеленило може да ви помогне да изгледате помладо од вашата реална возраст, изјави авторката на студијата и постдокторски соработник на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн, Кјезу Ким.

Се верува дека причините за подмладувањето се поголемата физичка активност и социјалните интеракции, но не е јасно дали парковите навистина го забавиле стареењето на клеточно ниво.

Во студијата се испитувани хемиските модификации на ДНК познати како метилации. Претходната работа покажа дека така наречените „епигенетски часовници“ засновани на метилација на ДНК можат да бидат добар предиктор за здравствени состојби како што се кардиоваскуларни болести и рак и за когнитивната функција и попрецизен начин за мерење на возраста од календарските години.

При истражувањето набљудувани се повеќе од 900 белци и афроамериканци од Балтимор, Чикаго, Минеаполис и Оукленд во период од 20 години односно од 1986 до 2006 година.

Студијата покажува дека луѓето чии домови биле опкружени со 30 отсто зеленило во радиус од пет километри, во просек биле 2,5 години биолошки помлади во споредба со оние чии домови биле опкружени со 20 отсто зеленило. Афроамериканците со поголем пристап до зелените површини биле само една година помлади биолошки, додека белците биле три години помлади.

Други фактори, како што се стресот, квалитетот на околните зелени површини и друга социјална поддршка, може да влијаат на степенот на благосостојба на зелените површини во однос на биолошкото стареење, посочи Ким, објаснувајќи дека разликите бараат дополнителни истражувања.

Tags: парковистареењеСтудија
Next Post
Фото: УМТ

Изложба „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk