Економско– социјалниот совет (ЕСС) денес продолжи со Eдинаесетата седница со која претседаваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска .
На Седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, претставници на синдикатите – членови на економско-социјалниот совет, нерепрезеентативните синдикати и претставници на институциите.
На седницата беа презентирани нови симулации согласно претходно предложениот пораст на плати од страна на претставници на синдикатите. По дадените предлози беше отворена конструктивна дискусија меѓу присутните. Социјалните партнери се договорија понатамошните преговори за Методологијата за пораст на платите во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС.
Целта на Владата е креирање на праведен и одржлив систем од кој секој добива и воспоставување на методологија иста за сите вработени во јавниот сектор.