Според извештајот за Глобалниот индекс на мирот (GPI) за 2023 година, Исланд и понатаму е најмирната земја во светот, додека Северна Македонија е на 38. место.
Индексот, познат како GPI, рангира 163 независни земји според нивното ниво на мир, а е изработен од Институтот за економија и мир (ИЕП). Се мери нивото на социјална сигурност, степенот на тековните домашни и меѓународни конфликти и степенот на милитаризација во земјата.
Во изминатата година, 84 земји забележаа подобрување на листата, додека 79 земји забележаа влошување на мирот. Сепак, резултатите од GPI покажуваат дека во последните 15 години светот станал помалку мирен.
С.Македонија е на 38. место, а од земјите на Западен Балкан најблиску е Албанија (40.место), Црна Гора (45), БиХ (61), Србија (65) и Косово (70).