ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Абас ги прекина контактите со Израел, Гутереш загрижен, САД го бранат правото на Израел

July 4, 2023 09:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера ги прекина контактите и безбедносната координација со Израел откако израелските сили ја почнаа големата офанзива против милитантите во градот Џенин, на Западниот Брег, се наведува во соопштението на неговата канцеларија.

Одлуката е донесена откако Абас одржа состанок со другите лидери на Палестинската управа.

Абас во минатото неколку пати привремено ја прекинуваше соработката со Израел за време на претходните рунди на насилство.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истовремено, изрази длабока загриженост за настаните во градот Џенин, на Западниот брег, изјави неговиот портпарол, откако израелските сили го нападнаа Џенин со беспилотни летала, во најголемата операција во областа во последните 20 години. Во нападите загинаа најмалку девет Палестинци, а околу 100 се повредени.

-Гутереш нагласува дека сите воени операции мора да бидат преземени со целосно почитување на меѓународното хуманитарно право, изјави заменик портпаролот Фархан Хак.

Израелската војска вчераутро почна голема операција која ја опиша како антитерористички напор чија цел е уништување на инфраструктурата и спречување на милитантите да го користат бегалскиот камп во Џенин како своја база за напади врз Израел.

Вашингтон го поддржува „правото“ на Израел да се „одбрани“ и повикува на заштита на цивилите

САД веруваат дека Израел имал „право да го брани своето население“ од исламистичките милитанти, но повикуваат на заштита на цивилите, по вчерашната израелска воена операција.

-Ја поддржуваме безбедноста на Израел и неговото право да го брани својот народ од Хамас, палестинскиот исламски џихад и другите терористички групи, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.

„Императив е да се преземат сите можни мерки на претпазливост за да се избегне смртта на цивили“, додаде портпаролот.

Вашингтон, главниот сојузник на Израел, исто така повика на обнова на безбедносната соработка меѓу еврејската држава и палестинската управа.

Tags: АбасГутерешзагриженСАДцивили
Next Post

Перу ќе прогласи вонредна состојба во областа околу вулканот Убинас

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk