ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лајчак од денеска во нова посредничка мисија во Косово и Србија

July 4, 2023 09:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Специјалниот пратеник на Европската унија задолжен за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, ќе допатува денеска во Приштина, во рамки на најновата посредничка мисија за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи синоќа официјално соопшти дека таа ќе го прими европскиот емисар попладнево во 15 часот.

Дипломатски извори од седиштето на ЕУ во Брисел изјавија за медиумите дека, во обид да придонесе за враќање на Приштина и Белград на преговарачката маса и за намалување на тензиите во северно Косово, Лајчак, на барање на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ќе оствари средби со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ЕУ продолжува да апелира до двете страни да преземат итни чекори за деескалација на ситуацијата и да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ.

Брисел во саботата, на 1 јули, соопшти дека влегле во сила казнени мерки кон Косово поради непреземањето дејствија за средување на состојбите на северот на земјата. Меѓу мерките е суспендирањето работата на органите на Советот за стабилизација и асоцијација и програмата на ИПА-фондовите. Исто така се откажуваат билатералните средби со претставници на косовските власти, освен оние кои се однесуваат на спроведување на договорите со Србија и на изнаоѓањето решение за косовскиот север.

Дипломатски извори на ЕУ изјавија за медиумите дека санкции ќе се преземат и кон власите во Белград, доколку не ги исполнат барањата за преземање мерки за смирување на состојбите во северно Косово.

Tags: деескалацијаЛајчакнова мисија
Next Post

Сунак нареди ревизија на законите кои ја опфаќаат порнографијата

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk