Српскиот политички аналитичар Жељко Ињац во разговор за „Локално“ вели дека „Отворен Балкан“ веќе даде одредени резултати, така што оваа иницијатива, која се уште е привлечна за земјите од Западен Балкан кои не се членки на ЕУ, не треба да се отфрли лесно.
Смета дека и „Отворен Балкан“ и „Берлинскиот процес“ во суштина се две исти иницијативи и вклучуваат поврзување на земјите од Западен Балкан и постигнување слобода на движење, услуги и капитал.
-Двете иницијативи беа покренати како подготовка за влез на Западен Балкан во ЕУ, а подразбираат усогласување на законодавството на земјите од Западен Балкан со законодавството на ЕУ. Единствената разлика е во тоа што Берлинскиот процес го иницира Ангела Меркел, која повеќе не е активен политичар, додека „Отворен Балкан“ е американска иницијатива, ни рече Ињац.
Колку е реално оживувањето на Берлинскиот процес сега, без Ангела Меркел и дали зад изјавата на Рама стои политичкото влијание на Европа против Америка или всушност е сета игра на Рама да се солидаризира со Албанците од Косово во овој момент, соговорникот оценува дека е тешко е да се процени.
-На прв поглед изгледа како прекин во добрите односи меѓу Рама и Вучиќ, бидејќи токму Вучиќ го истакна „Отворениот Балкан“ како нешто лично важно за него, а всушност тоа е американска приказна. Има смисла да се одржува иницијативата се додека Америка стои зад неа, и тоа го прави. Играњето на Рама на картата на Европа, која е политички многу слаба, повеќе личи на добар блеф отколку на сериозен политички чекор, потенцира Ињац.