ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Досега не се разговарало за 14 отсто зголемување на платите во јавниот сектор

July 4, 2023 13:21
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања денеска рече дека во преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор досега не се разговарало за 14 отсто, како што рекоа вчера синдикалните претставници по седницата на Економско-социјалниот совет.

-Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14 отсто. Се разговара за систем за плати којшто ќе одговара на сите, да не заборавиме дека платите на дел од државните службеници беа зголемени во март за 2.175 денари, тоа зависно, кај некој е 7-8 отсто, кај некој е дури и 16 проценти. Сега во моментов се разговара во рамки на Економско – социјалниот совет да се најде системско решение. Се работи да најдеме систем кој ќе биде во ред и за синдикатите и за работодавачите, односно и за Владата и за сите, одговори Тренчевска на новинарско прашање, по потпишувањето на Програмата за достоинствена работа

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој присуствуваше на настанот, повтори дека „инфлацијата која минатата година според официјалните податоци е 14.2 проценти, треба да биде основниот параметар по кој ќе се пресметуваат платите на вработените во јавниот сектор.

Ако имаме предвид дека сѐ се зголемило за 14.2 проценти, вашите плати автоматски се намалиле за 14.2 проценти и на тој начин да го елиминираме моментот на губење на куповната моќ и односно работниците да можат да го преживеат месецот, рече Трендафилов.

Тој нагласи дека доколку функционерите утре се откажат од нивните зголемени плати за 78 проценти секој вработен во јавниот сектор би добил по 1.500 во нето на неговата сметка, ако тие пари се трансферираат во плати на вработените во јавниот сектор.

Тренчевска и Трендафилов одговараа и на новинарско прашање околу времетраењето на работната недела за работниците што ќе бидат ангажирани за проектот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите, при што министерката посочи дека никаде не пишува дека градежните работници ќе работат 72 часа во континуитет.

– Работното време е 40 часа, со дополнително осум часа најмногу во неделата. За стратешки приоритети, се дозволува, кога дозволуваат временските услови, да се работи над овие 48 часа. Но, во законот не пишува никаде дека се тоа 72 часа. Тоа зависи од временските услови, од процесот на работа. Затоа треба да бидеме објективни кога зборуваме за работното време на коридорот 8 и коридорот 10, дека не е 72 часа работно време. Можеби е над дозволените 48, но не е 72 часа, појасни министерката, нагласувајќи дека ќе се почитуваат законските одредби.

Безбедноста и здравјето на работниците, рече, ќе бидат гарантирани за сите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: јавен секторМТСПплатиССМТренчевска

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентите со нови тактики во трка со српската жандармерија, блокади низ цела Србија

July 4, 2025

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk