Афионот како дел од македонската традиција се враќа на земјоделските полиња, се наведува во новата епизода од серијалот на Успешни приказни објавен од Фондацијата Заев.
„Александар Димитриевски е доказ дека работата, идејата и вербата се главен мотив за да се успее во земјоделството. Преку поддршката и промовирањето на афион културата ги мотивираме земјоделците и го враќаме афионот на листата на значајни стратешки култури. Го вреднуваме гласот на земјоделецот. Поддршката е од големо значење за земјоделците, но и за домашното земјоделско производство. Само со заеднички сили можеме да ги зголемиме интересите на земјоделците и да имаме квалитетно земјоделие со задоволни и успешни земјоделци и претприемачи. За сите нас тоа значи зголемено производство, зголемен извоз, но значи и егзистенција на граѓаните на Република Северна Македонија“, стои во објавата од Фондацијата Заев.