Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради официјална посета на албанскиот премиер Еди Рама.
За сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Александар Македонски“, Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“, улиците „Беласица“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Орце Николов“, како и дел од улицата „Франклин Рузвелт“.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.